Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“
- Детали
- вторник, 29 октомври 2024
„Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве привлекува, а тој на мене баш ми се допаѓа...“, споделува вљубената Гоца Тржан за својот 14 години помлад сопруг.
Гоца Тржан не пропушта пригода за да истакне колку е вљубена во својот 14 години помлад сопруг Раша.
Во гостување во емисија на српската телевизија Блиц таа отворено проговори за љубовта што ја чувствува кон својот сопруг Радомир Новаковиќ.
Гоца за својот сакан вели:
„Јас и понатаму кога ќе го видам својот маж некако сум во фазон (со поглед покажува топење од љубов)...
Затоа што сè уште му се воодушевувам, ми се допаѓа и понатаму.
Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве привлекува, а тој на мене баш ми се допаѓа.
Мојот сопруг за мене лично и за мојот вкус и со сè што знам за него, навистина е најубавиот и најдобриот маж кој сум го видела и сретнала и така е веќе 13 години“.
Кликнете на видеото:
Инаку Гоца Тржан постојано нагласува дека за неа среќата не е во материјалните работи, туку во семејството.
„Велат дека среќата е во малите работи. Па, за мене, моето семејство е мојата најголема среќа. И најголема радост. И најголема поддршка. И најголема љубов.
Нема тука ништо мало...
Прегрнувајте ги оние кои ги сакате и секој ден покажувајте им колку се големи во вашиот живот. Да, малите работи може на миг да ве усреќат, но семејството е засекогаш.
Ве сакам до вечноста Радомир и Лена (сопругот Радомир Новаковиќ и ќерката Лена Маринковиќ од првиот брак на Гоца).