Гоца Тржан со емотивна роденденска објава за ќерка ѝ: „До крајот на животот ќе ѝ бидам поддршка“

„Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот“. Со овие зборови Гоца Тржан ја започна емотивната објава по повод 17-тиот роденден на ќерката Лена. 

goca-trzhan-so-emotivna-rodendenska-objava-za-kjerka-i-do-krajot-na-zhivotot-kje-bidam-nejzina-poddrshka-01.jpg

Српската пејачка Гоца Тржан со емотивна објава на Инстаграм го одбележа роденденот на нејзината ќерка Лена Маринковиќ, која ја доби од првиот брак.

Лена денес (23.05) го слави својот 17-ти роденден, а Гоца по тој повод објави ретки фотки со неа, а во описот до нив стави емотивна објава и нагласи дека таа, пред сѐ, на своето дете му е мајка, а не може да ѝ биде другарка.

„Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот. Хм...

Таа има доволно другарки, а имам и јас.

Јас родив ќерка.

Таа има мајка.

До крајот на времето јас сум нејзина поддршка, нејзин чувар, нејзино сигурно прибежиште, нејзин навивач, нејзината напорна мајка која постојано има нешто да ѝ каже...

А, таа до крајот на времето ќе биде мојата најголема љубов. Среќен 17-ти роденден девојко. Те сакаме засекогаш“ – напиша Гоца.

Инаку, Лена живее заедно со Гоца и нејзиниот очув Раша, а во една пригода отворено зборуваше за односот со сопругот на мајка ѝ.

„Го викам Раки, Раша... Искрено, чудно ми е да го викам тато.

Тој не ми е биолошки татко, но немам чувство дека тоа не е така, затоа што се однесува како да ми е вистински родител.

Со години живееме заедно, никогаш не сум го нарекла очув. Тоа ми звучи грдо.

Имаме нормален однос и знам дека тој и мајка ми се сакаат и колку и да ме нервираат, тоа е нормално. Сепак, тие се родители“.

За потсетување, Гоца ја доби ќерката Лена од бракот со Иван Маринковиќ. Познато е дека поранешните брачни партнери не се во добри односи, честопати јавно се прозиваат во медиумите, а познато е дека и девојчето не е во добар однос со нејзиниот биолошки татко.

Гоца во една пригода откри дека не планирала да се омажи, но во моментот кога дознала дека е бремена, сепак се одлучила да застане пред олтар со таткото на нејзиното дете.

Прочитајте и Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја освоил Гоца Тржан?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg