Иван Маринковиќ тврди дека се развел од Гоца Тржан бидејќи го изневерила (видео)

„Беше очигледно дека нешто се случува. Дури мислев и дека сум луд. Жените не сфаќаат дека паѓаат на ситници. Каде има жена ти да ти кажува дека ќе оди да преспие кај другарка? Мажена жена да спие таму?“, кажа поранешниот сопруг на Гоца Тржан во реалното шоу „Задруга: Елита“.

ivan-marinkovikj-tvrdi-deka-se-razvel-od-goca-trzhan-bidejkji-go-izneverila-video-01.jpg

Поранешниот сопруг на Гоца Тржан, Иван Маринковиќ, кој учествува во реалното шоу „Задруга: Елита“, откри дека пејачката го изневерила додека биле во брак. Ова е првпат, по сите јавни караници, препукувања и обвинувања, Иван да каже дека Гоца му била неверна.

Тој, заедно со неколку од учесниците во реалното шоу зборуваше на тема „љубомора и емотивни односи“, па меѓу работите што ги кажа, го спомена и неверството.

„Јас не ни знаев што е љубомора, освен преку оние момчешки моменти. Кога ме изневери бившата, тогаш видов како од љубомора произлегува лага. Забележав нешто што никој друг не го забележа.

На моменти, кога бев во брак, чувствував љубоморна, а не знаев зошто. Чувствував дека нешто не е во ред, дури мислев и дека сум луд.

Првата и најважна работа е дека жените не сфаќаат дека паѓаат на ситници. Каде има жена ти да ти кажува дека ќе оди да преспие кај другарка? Мажена жена да спие таму? Каде го има тоа?“, кажа Иван.

Тој кажа дека во нивниот случај бракот завршил со многу брз развод.

„Беше очигледно дека нешто се случува. Пред Јелена (сегашната сопруга) немав долги врски. По бракот (со Гоца) немав никаква сериозна врска, да бидам искрен.

Има уште многу што сакам да кажам на оваа тема, но ќе оставам за друг пат“, додаде Иван.

Гоца засега нема јавна реакција по обвинувањата на нејзиниот бивши сопруг.

Таа во минатото често зборуваше за бракот со Иван и го опишуваше како еден од најлошите делови од нејзиниот живот.

Парот од овој брак ја има ќерката Лена, која скоро и да не го гледа својот татко.

По разводот, Гоца се омажи за музичарот Раша Новаковиќ, а Иван, откако доби дете со Миљана Кулиќ, која ја запозна во „Задруга“, стапи во брак со Јелена.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот“, тој ѝ возврати

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Гоца Тржан со емотивна роденденска објава за ќерка ѝ: „До крајот на животот ќе ѝ бидам поддршка“ „Велат дека кога ќе родиш ќерка, добиваш најдобра другарка за цел живот“. Со ови...
Гоца Тржан за вториот сопруг: „Заслужува да му ги мијам нозете – претрпе многу со мене“ „Не му ги мијам нозете, но му ги масирам стапалата, понекогаш кога е уморен“. Го...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg