Гоца Тржан: „Секој ден му се извинувам на своето неродено дете што не му дадов шанса да го види животот“
- Детали
- вторник, 08 април 2025
„Најлошата одлука во животот ми е што „прекинав“ една бременост. Што отидов на киретажа. Таа одлука ме прогонува и ден денес. Многу ми е жал што го направив тоа“, изјави Гоца Тржан во едно гостување. Инаку, таа долги години безуспешно се бори да добие дете со својот втор сопруг Раша, со кого е во љубов 13 години.
Српската пејачка Гоца Тржан е позната по тоа што никогаш немала влакна на јазикот и секогаш е искрена за сѐ што ѝ се случува во животот, а во повеќе пригоди зборуваше за проблемите со неплодноста и неможноста да добие дете со вториот сопруг, Радомир Раша Новаковиќ.
Инаку, Гоца ја има ќерката Лена од првиот брак.
Но, во гостување во подкастот „Бункер“ на Луна Џогани, таа откри дека имала една бременоста пред Лена, но, за жал, ја прекинала.
Таа го изјави ова кога ѝ беше поставено прашањето „Која одлука ѝ е најдобра, а која најлоша во животот“.
Гоца Тржан вели:
„Всушност, тие се исти, само од две страни. Најдобрата одлука во животот ми беше тоа што ја родив Лена, а најлошата – што „прекинав“ една бременост пред тоа. Што отидов на киретажа.
Тоа ми е најлошата одлука во животот и ме прогонува и ден денес.
Многу ми е жал што го направив тоа.
Има многу жени што го направиле тоа не мислејќи дека е нешто важно, но мене сега, во овие години, многу ме прогонува.
И тогаш ми беше многу тешко, но бев во фазон – ќе го направам тоа за да му докажам дека не сакам да го „фатам со дете“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





