Гоца Тржан за вториот сопруг: „Заслужува да му ги мијам нозете – претрпе многу со мене“

„Не му ги мијам нозете, но му ги масирам стапалата, понекогаш кога е уморен“. Гоца Тржан откри во што е тајната за хармоничниот брак со 14 години помладиот сопруг Раша, за кого вели дека морал да претрпи многу заради неа.

goca-trzhan-za-vtoriot-soprug-zasluzhuva-da-mu-gi-mijam-nozete-pretrpe-mnogu-so-mene-01.jpg

Српската пејачка Гоца Тржан е позната по тоа што никогаш немала влакна на јазикот и секогаш е искрена за сѐ што ѝ се случува во животот, а неодамна зборуваше за нејзиниот однос со вториот сопруг, Радомир Раша Новаковиќ.

goca-trzhan-za-vtoriot-soprug-zasluzhuva-da-mu-gi-mijam-nozete-pretrpe-mnogu-so-mene-04.jpg

Гоца искрено споделува дека Раша, кој е 14 години помлад од неа, истрпел многу во нивниот брак, првично заради товарот што таа го носела со себе во врската.

„Мажот што ќе се впушти во брак со повозрасна жена којашто има дете е повеќе од храбар маж. Зошто?

Затоа што во тој брак не го носиш само детето, туку го носиш и поранешниот сопруг и поранешната свекрва и поранешното семејство, а јас како Гоца Тржан, не го донесов само тоа, туку и медиумските будалаштини“ – рече пејачката.

goca-trzhan-za-vtoriot-soprug-zasluzhuva-da-mu-gi-mijam-nozete-pretrpe-mnogu-so-mene-06.jpg

Таа отворено раскажа како изгледа нивниот брак и на што се должи нивната хармонија.

„Тој човек очигледно ме сака толку многу, толку многу ми е посветен и толку многу заслужува да му ги измијам нозете кога ќе си дојде дома. Не му ги мијам нозете, но му ги масирам стапалата, понекогаш кога е уморен“ – вели Гоца.

Пејачката појасни дека таа секогаш го чека Раша да си дојде дома без разлика колку е часот.

goca-trzhan-za-vtoriot-soprug-zasluzhuva-da-mu-gi-mijam-nozete-pretrpe-mnogu-so-mene-03.jpg

Дури и ако заспала, ќе се разбуди за да го праша дали е уморен или гладен.

Инаку, Гоца и Раша се во брак од 2015-та година. Пејачката од претходниот брак со Иван Маринковиќ ја доби ќерката Лена, а во изминатите години често се случуваше тие двајца јавно да се превираат во медиумите.

Прочитајте и Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја освоил Гоца Тржан?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан: „Мојот маж за мене е најдобар и најубав“ „Знаете не е веќе само љубовта доволна, треба мажот да ви се допаѓа за да ве при...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Сакала само секс, му се смеела кога ѝ рекол дека е вљубен во неа  – Како 14 години помладиот Раша ја... „На почетокот, барем што се однесува до мене, тоа не требаше да биде ниту брак, ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg