Скандалите на Гоца Тржан со бившиот сопруг продолжуваат - Таа го нарече „најголема грешка во животот“, тој ѝ возврати
- Детали
- петок, 27 октомври 2023
„Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегувам на своја сметка кога станува збор за мојот прв брак, па умеам да кажам ‘Ако мислите дека сте направиле голема грешка при изборот на маж, сетете се на мене, никој не згрешил како јас’“, изјави пејачката во емисијата „Магазин ИН“.
Пејачката Гоца Тржан 4 години беше во брак со Иван Маринковиќ, со кого ја има ќерката Лена. Иако се разведоа уште во 2011 година, тие и понатаму често се препукуваат јавно, а „војната“ меѓу нив не престанува.
Последниот испад поранешните сопружници го имаа неодамна, откако Гоца гостуваше во емисијата „Магазин ИН“ на Сања Маринковиќ.
Таму повторно го спомна Иван и го нарече „најголемата грешка во животот“.
„Не следам и не читам што кажува мојот поранешен сопруг за мене. Често се шегувам на своја сметка кога станува збор за мојот прв брак, па умеам да кажам ‘Ако мислите дека сте направиле голема грешка при изборот на маж, сетете се на мене, никој не згрешил како јас’.
Но, во однос на животните околности, јас од тој брак имам дете кое ми е центарот на животот и таа е причина што во себе мора да се помирам со него.
Сè што тој прави или вели, не допира до мене, го игнорирам“, изјави Гоца.
По нејзината изјава, Иван не ѝ „остана должен“, туку ѝ одговори преку Инстаграм:
„Ало жено, симни ми се од грбот. Секој ден ми се појавуваат твои интервјуа. А, велиш не зборувам за него, не ме интересира.
Оди, бре, жено... некоја песна, некој концерт за еден човек, некое дете? Стара си!
Откачи се од мене или сакаш да почнам да ти давам значење, па пак да зборуваш дека психијатарот те советувал како да се бориш со проблемите со алиментацијата“.
https://www.instagram.com/p/CxipKyFojWz/
Иван за српските медиуми изјави дека Гоца му љубомори бидејќи се преженил неодамна (септември 2023), па сега повторно зборува јавно за него.
Тржан, пак, пред неколку години се премажи со тапанарот Раша Новаковиќ, кој е 14 години помлад од неа.
Гоца и Иван се запознаа во бутик во Белград, каде што работел тој, а по неколку години врска се венчаа. Се разведоа по 4 години брак, а барањето за развод го поднесе пејачката.
Таа тогаш велеше дека Иван ги прокоцкал сите пари што ги заработувала додека биле заедно и поради тоа решила да се разведе.
Тој, пак, неодамна во интервју кажа дека Гоца го изневерила и дека ја фатил со друг маж, па тој прв ѝ побарал развод.
Откако се разведоа, тие се постојано „во војна“ и јавно се навредуваат, раскажуваат пикантерии од нивниот брак, за лошиот однос на Иван со ќерката Лена.
Погледнете го видеото:
https://youtu.be/5co5IqY09gU?feature=shared
А. Ј. | Црнобело