Гоца Тржан откри детали за љубовниот живот: „Првиот интимен однос со Раша беше пресмешен, но денес е совршен“
- Детали
- среда, 16 април 2025
„Дојде кај мене воспален, не ми се веруваше. Тој наш прв однос е најсмешното нешто што сум го доживеала во животот. Во налет на страст, Раша ми рече ‘Чекај малку, застани, леле колку ме чеша’ и почна да си ги чеша нозете“ - Гоца Тржан во интервју раскажа интимни детали за сопругот.
Гоца Тржан одамна важи за жена која нема „влакна на јазикот“, па на секоја тема зборува отворено, дури и нејзините ставови да предизвикаат негативни коментари.
Пејачката постојано споделува детали за својата борба со неплодноста и желбата да добие второ дете, за односот со ќерката-тинејџерка, за караниците и со првиот сопруг, но открива и интимни детали за својот брак со 14 години помладиот сопруг Раша Новановиќ.
Гоца не крие дека Раша ја привлекол по запознавањето, но дека таа сакала само да има секс со него и да се забавува.
Дури по некое време почнала да развива чувства, да се заљубува и, конечно, да му признае дека го сака.
Неодамна, во едно свое интервју, Гоца сподели детали за првиот секс со сопругот, а го опиша како „најсмешното нешто во животот“.
„Во еден момент кога решив малку да си го подобрам изгледот, да си го средам телото, зашто бев во очајна психофизичка состојба, се појави тој.
Го влечев за нос два месеца, а тој баш се заинати да ме освои“ - рекла Гоца.
Таа признала дека освен што Раша бил згоден, имал став и однесување кои ѝ се допаднале, а се, всушност сето она што пејачката го посакувала кај некој маж.
Тој пак, дознал дека Гоца има фетиш, односно сака мазни нозе кај мажите, па пред да отиде во нејзиниот стан за првпат да имаат секс, си ги избричил нозете.
„Дојде кај мене запален, не ми се веруваше. И тој наш прв однос е најсмешното нешто што сум го доживеала во животот. Не дека беше лошо, туку смешно - се смеевме многу.
Во налет на страст, тој ми рече ‘Чекај малку, застани. Леле колку ме чеша’ и почна да ги чеша нозете. Беше многу искрен во тие свои лудости. Ете, тој е доказ дека љубовта и боли и чеша“, рекла Гоца.
Пејачката, сепак вели дека сексот со сопругот сега е најверојатно најдобриот секс во нејзиниот живот.
„Сексот со него е подобар од кој било претходно. Совршен е. Тоа го сфатив кога влегов во моите четириесетти, а мислев дека нема да е така.
Јас се водев од тоа дека ќе бидам најдобра во 20-тите или 30-тите. Но, откако сум зрела жена не се осмелувам да имам секс на јавни места. Не смеам да се впуштам во таков ризик, сепак имам возрасна ќерка, па срамота е да ме уапсат“ - додала таа.
Гоца вели и дека со ќерката зборува нормално за сексот.
„Сметам дека е тоа многу важно, особено во времето на развој на децата. Родителите не им се посветуваат на децата и во тоа е проблемот. Затоа и имаме толку многу абортуси“, рекла пејачката.
Кажала и дека е убедена дека нејзиниот сопруг гледа порно филмови, иако тој го негира тоа.
„Јас верувам дека секој маж го прави тоа, без оглед дали е во брак или не. Раша никогаш нема да ми признае, но сигурна сум дека сум во право“ - додала Гоца.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





