Алекса Перовиќ се прослави со Даниел Кајмакоски во „Х Фактор“, денес е сопруг и татко за медал (фото)
- Детали
- четврток, 26 јануари 2023
На само 17 години ја доби титулата на „заводник“ во шоуто „X Фактор“, каде стекна армија од женски фанови, а во 2017 година победи во „Ѕвездите на Гранд“. Како изгледа денес Алекса Перовиќ?
Алекса Перовиќ од Краљево се прослави на само 17 години во регионалното музичко шоу „X Фактор“, истата година кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски.
https://www.youtube.com/watch?v=yJOZY4jFg4o
Потоа, во 2017 година Алекса победи во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, a во тој период ја запозна својата сакана Милица, со која денес се во брак и имаат две ќерки.
Милица работи како радио водителка.
Алекса и понатаму е природен, харизматичен и секогаш насмеан, иако ѕвездите не му се насмевнаа премногу на поле кариера и покрај успесите во музичките шоуа не постигна завидна кариера и слава.
Интересно е што Алекса е вљубен во улогата на татко што ја има, па отвори дури и Инстаграм профил „Закон татко“, каде споделува видеа од миговите со своите наследнички.
Toj постојано се занимава со музика.
Една од неговите песни:
Како изгледа Алекса Перовиќ денес:
С. С. | Црнобело