Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од најпосакуваните турски актери?
- Детали
- недела, 11 август 2024
Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гладува, но Керем Бурсин денес живее во палата вредна милиони. Самиот признава дека патот до неговиот успех воопшто не бил лесен, а се соочил со голем број предизвици.
Турскиот актер Керем Бурсин на македонската публика ѝ стана најпознат по улогата во филмот „Тропни на мојата врата“, а денес важи за еден од најзгодните и најпопуларните турски актери.
Пред само неколку денови во родната Турција ја имаше честа да биде водител на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во Бодрум, Турција, каде што на Шерон Стоун ѝ беше доделена наградата „Меѓународна икона“.
Играл во голем број ТВ серии, а самиот признава дека патот до славата воопшто не му бил лесен.
Во продолжение неколку интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:
Керем Бурсин е роден на 4-ти јуни 1987-ма година во Истанбул. Заради работата на татко му често патувал во земји како Шкотска, Индонезија, Обединетите Арапски Емирати, Малезија, САД.
Кога имал 12 години, во 1999-та година, тој и неговото семејство се преселиле во САД, каде тој го завршил образованието.
Керем студирал маркетинг комуникации во Бостон, по желба на татко му, иако уште како средношколец се вљубил во глумата и театарот. Самиот вели дека доброто било што универзитетот му дозволил паралелно да студира и маркетинг и глума.
Во последниот семестар се одлучил целосно да се посвети на глумата и се преселил во Лос Анџелес.
Кога завршил факултет, веднаш добил понуда за добро платена работа во областа на маркетингот, но ја одбил затоа што сакал да изгради кариера како актер.
Откако ја одбил работата, против волјата на неговото семејство, татко му го поддржал во одлуката, но му рекол дека „ќе мора сам да се избори за сè“.
По ова, Керем останал во САД, каде напорно се обидувал да ја изгради кариерата како актер. Самиот раскажа во една пригода како во првата година се пријавил на 80 аудиции, а добил покана да учествува само на две.
„Работев како келнер, чистев тоалети во теретана и перев крпи, бев возач… Исто така работев на пола работно време и во компанија за маркетинг на социјални медиуми. На паузите одев на аудиции. Во тој период спиев на паркинг“ – раскажува актерот.