Се венчал со неа на 50 години, негова обожавателка ја исекла по лицето: Која е сопругата на Здравко Чолиќ?
- Детали
- понеделник, 13 јануари 2025
„Ме освои со едноставноста и приврзаноста. Ми се посвети, мислеше на мене, се грижеше, се секираше... Човек некако ја препознава личноста која и без збор покажува дека се грижи за него“, изјави во една пригода Здравко Чолиќ за својата сакана Александра.
Здравко Чолиќ (73) се ожени на 50 години во 2001 година со саканата Александра, со која претходно 11 години биле во врска.
Денес, парот има две ќерки – Уна и Лара.
За Александра не се знае многу. Таа е голема поддршка на Здравко и жена посветена на семејството. Според некои српски медиуми наводно била наставничка по географија.
Пејачот ретко зборува за семејството, но во една пригода за српските медиуми се потсети на немил настан кој ѝ се случил на неговата сопруга и која е една од главните причини зошто таа дополнително не сака да се експонира во јавноста.
Здравко Чолиќ за овој настан изјави:
„Многу работи сум поминал и доживеал во животот.
Еднаш мојата сопруга ја нападна некоја моја обожавателка и ја исече по лицето. Сандра (нагалено од Александра) се оттргна, но напаѓачката малку ја закачи, за среќа без големи последици.
Тоа беше одамна, но до ден-денес се сеќавам на тоа.
Мојата сопруга немала други поголеми непријатности бидејќи не се експонира, не е таков тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста.
Мојата сопруга соодветно реагираше. Таа ја разбира мојата работа“.
Неговата сопруга Александра
Инаку, Чолиќ во 2018-та година на сопругата Александра ѝ ја посвети емотивната љубовна песна „Тебе чувам за крај“, а во спотот на суптилен начин покажа колку е голема неговата љубов кон неа.
Наместо некоја манекенка, Здравко во спотот е сам, за на крај да се појави мозаик, кој го формира лицето на неговата сопруга Александра, на која и ѝ е посветена песната.