Џеј Зи обвинет за силување 13-годишно девојче со Пи Диди – Бијонсе молчи, тој негира
- Детали
- понеделник, 09 декември 2024
Џеј Зи тврди дека обвиненијата против него се обид за изнудување пари, додека Бијонсе се нема огласено. Раперот вели и дека ќе мора да разговара со неговите деца за да им објасни што се случува.
Џеј Зи беше „под лупа“ за пријателството со Пи Диди, а сега веројатно и тој ќе се најде на суд поради обвинение за силување.
Во неделата (8.12) била поднесена тужба против Џеј Зи, а жената која го обвинува вели дека тој ја силувал кога имала само 13 години.
Тужбата првично била поднесена во октомври, но дури сега жртвата го додала и името на Џеј Зи.
Инцидентот се случил на забава по доделувањето на MTV Video Music Awards во 2000 година.
Имено, тогаш 13-годишната жртва се надевала дека ќе добие пристап до забавата, кога неколку возачи на лимузини ѝ рекле дека можат да ја внесат внатре.
Наводно, возачите ѝ рекле дека работат за Диди и дека тој сакал млади девојки.
Девојката се качила во една од лимузините и кога пристигнала на забавата забележала многу познати луѓе. Додава и дека повеќето користеле дрога, како кокаин.
Девојката зела пијачка, по што почнала да чувствува вртоглавица.
Тогаш била однесена во празна спална соба, каде што влегле Пи Диди, Џеј Зи и друга жена која била славна личност, но чиј идентитет не е познат.
Овде, Џеј Зи ја силувал додека Диди и жената гледале. Потоа ја силувал и Диди.
Кратко откако веста беше споделена во јавност, Џеј Зи излезе со изјава во која ги негира обвиненијата и тврди дека бил уценуван за пари.
„Мојот адвокат доби обид за уценување, односно писмо со барања, од ’адвокат‘ по име Тони Базби“, почнува неговата изјава.
Потоа, раперот вели дека секој кој извршил такво злодело кон малолетник треба да биде затворен.
Додава и дека адвокатот кој ја застапува жртвата имал историја на обиди за уценување. Ова е всушност истиот адвокат кој застапува голем дел од жртвите на Диди.
„Единствено ми се крши срцето за моето семејство.
Јас и сопругата ќе треба да разговараме со нашите деца, од кои едното е на возраст на која нејзините пријатели сигурно ќе прочитаат во медиумите и ќе ѝ поставуваат прашања за овие тврдења...
Ужасно си проценил со тоа што мислиш дека сите ’славни‘ се исти. Јас не сум од твојот свет.
Јас сум младо момче кое успеа. Ние не играме вакви игри. Имаме многу строг кодекс и чест. Ги штитиме нашите деца, а ти ги експлоатираш за лична корист…
Едвај чекам да ти покажам колку сум различен“, вели, меѓу другото, раперот.
Инаку, Џеј Зи има три деца со Бијонсе – 12-годишната Блу Ајви и 7-годишните близнаци Руми и Сер.
Засега Бијонсе се нема огласено за тужбата.
Спирова С. | Црнобело