Пресреќна е откако се ослободи од Бен Афлек – Џенифер Гарнер се шета за рака со новиот дечко
- Детали
- среда, 01 февруари 2023
И додека Бен Афлек неретко е намќорест покрај својата нова сопруга Џеј Ло, неговата бивша Џенифер Гарнер блеска од среќа покрај својот дечко. Парот дури е во супер однос и со Бен, кој изгледа ведро и насмеано на средбата со нив.
Во понеделникот (30.01) Бен Афлек беше „уловен“ од папараци како видно расположен се поздравува со дечкото на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, Џон Милер.
Бен е во пријателски односи со Џон, а тие двајца минатата недела заедно приустувуваа и на концертот на ќерката на Бен и Џенифер, Серафина.
На истиот настан беа и Џенифер Гарнер и Џенифер Лопез, но не позираа заедно за фотографите, а од објавените фотки може да се забележи колку двете сопруги на Бен се различни.
Едната ја користи секоја можност да се појави облечена во дизајнерска облека, додека другата речиси секогаш е во опуштени и скромни изданија.
Некои медиуми коментираат дека Џенифер Гарнер не е во добри односи со Џеј Ло, а други пак, сметаат дека таа не може да биде посреќна, откако успеала да се ослободи од своето четврто дете (Бен Афлек).
За потсетување, Бен Афлек минатата година наиде на голем број критики, откако ја обвини Гарнер за неговите проблеми со зависностите, а многумина го потсетија дека токму таа го носеше на рехабилитација и се обидуваше да му помогне.
Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер
Гарнер и Милер се заедно од 2018-та година, односно непосредно по нејзиниот развод со актерот, а ова е едно од нивните ретки заеднички појавувања во јавност во последните години.
Милер е извршен директор на синџир сендвичари, а има две деца од претходниот брак со виолинистката Каролин Кемпбел.
Џенифер и Џон беа фотографирани како се шетаат за рака низ Санта Барбара во модно усогласени изданија со карирани кошули.