„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со неа
Тој ги коментира и фотките на кои Бен изгледа како да сака во секој миг да ги нападне фотографите, или пак видеото во кое ѝ ја треска вратата на Џеј Ло, па вели:
„Мислам дека и јас би го направил истото!
Може да ви кажам дека се случувало да се расправаме во автомобилот, и потоа 20 минути подоцна да мора да седиме и да се преправаме дека сè е во ред.
Но, не можеш вечно да се преправаш.
Кога минувавме низ пекол и требаше да излеземе како пар и јас бев мизерен.
Затоа што знаев дека не сме добар пар.
Мразев да одам на црвен тепих. Таа сакаше да ме убеди да одам со неа, по што јас ќе ѝ речев дека нема шанси да излезам и да се преправам“.
Инаку, првиот сопруг на Џеј Ло се присети и на периодот кога нејзиниот тим од неа побарал таа да почне повеќе да се појавува и да излегува заедно со Пи Диди, за да го промовираат новиот спот, а тој седел сам дома.
Во еден миг на Охани веќе му дошло преку глава и ѝ кажал на Џеј Ло дека сака да се разведат. Само неколку дена подоцна добил документи за развод и исплата од 50.000 долари.
„Никогаш не сум погледнал во друга жена додека бев со Џенифер, но ми се чини дека во весниците ме претставија како јас да сум лошиот.
Нејзините менаџери сакаа таа да изгледа добро затоа што тогаш имаше нов филм, нов албум и не сакаа лош публицитет.
Направија да изгледа како јас да не сакам да бидам со неа и тоа воопшто не беше точно“.
За крај, Охани вели дека нема лошо мислење за неговата поранешна сопруга, но дека никогаш не би ѝ дал втора шанса на Џеј Ло.
Тој имаше еден совет за неа и јасно ѝ порача:
„Биди сингл и дај си одмор во период од 12 месеци. Ако сретнеш некоја нова личност обиди се да си ја сочуваш приватноста.
Имаш прекрасна кариера, и работиш напорно, прекрасна жена си, но кога си со некого, треба да поминеш време со него, без постојано да мислиш дека си пред камера.
Мора прво да бидеш тоа што си за да можеш да се пронајдеш“.
Инаку, Охани денес работи како личен тренер, а по бракот со Џеј Ло никогаш не се преженил.
Б. С. Б. | Црнобело