Сите знаци што укажуваа дека Бен Афлек и Џеј Ло се пред развод – низ фотографии
- Детали
- среда, 21 август 2024
Фотките на кои Бен е мизерен, се расправа со сопругата, ѝ ја треска вратата од автомобилот нè наведуваа да помислиме дека тие се пред развод, иако парот глумеше дека сè е во ред. Да се присетиме на знаците што укажуваа дека Бен и Џеј Ло нема долго да останат заедно, низ фотки.
Џенифер Лопез конечно ги потврди гласините што кружеа со месеци наназад дека се разведува од сопругот, откако во вторникот (20.08) поднесе документи за развод.
Таа ги поднесе документите за развод на истиот ден кога ја прославува годишницата од свадбената церемонија што ја подготвија за пријателите и најблиските (20-ти август), откако еден месец претходно се венчаа во тајност во Лас Вегас.
Уште откако стапија во брак, на социјалните мрежи се коментираше дека истиот нема долго да трае, а речиси на сите настани каде што се појавуваа заедно, како и во секојдневните излегувања, се забележуваше мизерниот изглед на лицето на Бен.
Ова особено беше впечатливо во последните неколку месеци, пред да се дознае дека парот живее одвоено, а во јавноста редовно се појавуваа фотки на кои можеше да се забележи тензијата која владееше меѓу нив двајца.