Џеј Ло и Бен Афлек се расправаат на медениот месец во Италија + официјални фотки од трите венчаници на пејачката
- Детали
- среда, 24 август 2022
На медениот месец во Италија, Бен Афлек и Џеј Ло беа забележани како гледаат фотки од свадбата, но и како се расправаат. Во меѓувреме, пејачката сподели фотографии од трите венчаници.
Џеј Ло и Бен Афлек направија свадба на 20-ти август, а допрва треба да споделат официјални фотки од настанот.
Сепак, пејачката објави неколку фотографии на нејзиниот веб-сајт OnTheJLo, на кои можеме да ги видиме трите венчаници што ги носеше на свадбата.
Бен и Џеј Ло се венчаа во домот на актерот во Џорџија, а пејачката носеше три венчаници, сите дизајнирани од Ралф Лорен.
Главната венчаница е со висока јака и бујно здолниште за кое биле употребени дури 500 метри материјал.
Пејачката носеше и накит од брендот Mikimto во вредност од 100.000 долари.
Ова е венчаницата што пејачката ја носеше за време на церемонијата:
Потоа, за прославата, Џеј Ло носеше долга венчаница украсена со бисери и везови. Според PageSix, за рачно изработените везови биле потребни 700 часа.
Венчаницата беше украсена и со тантела, како и Swarovski кристали.
За забавата, пејачката носеше и долга, тесна венчаница со длабоко деколте. И овој фустан е украсен со Swarovski кристали на јаката и областа околу деколтето.
По венчавката, Бен и Џеј Ло заминаа на меден месец во Италија.
Парот беше забележан во ресторанот во луксузен хотел и се чини дека гледале фотки од венчавката.
На видео направено во хотелот изгледа и како парот да имал мали несогласувања – Бен ѝ зборува нешто на пејачката, а притоа гневно гестикулира со раката.
Потоа вљубените младенци беа забележани и на брод на езерото Комо.
Ова е всушност вториот меден месец на Џеј Ло и Бен Афлек, кои беа во Париз веднаш откако се венчаа во Лас Вегас.
Како и тогаш, тие беа сами, без нивните деца.
Погледнете и: Овојпат засекогаш: Први фотки од гламурозната свадба на Џеј Ло и Бен Афлек – венчаницата се влече 6 метри, гостите се во бело
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





