Овојпат засекогаш: Први фотки од гламурозната свадба на Џеј Ло и Бен Афлек – венчаницата се влече 6 метри, гостите се во бело
- Детали
- недела, 21 август 2022
По првата неуспешна свршувачка пред 20 години, овојпат Бен и Џеј Ло го кажаа судбоносното ДА на гламурозна свадбена церемонија на 6-милионскиот имот на Бен во Џорџија. Венчаницата на невестата се влече 6 метри, а сите гости се облечени во бело.
Додека сите очекуваа дека таа ја планира свадбата со Алекс Родригез, одеднаш парот соопшти дека се разделува, а кратко подоцна таа го објави смирувањето со поранешниот партнер Бен.
И, откако видоа дека можат да успеат... конечно се случи долгоочекуваната свадба на Џенифер Лопез и Бен Афлек.
По тајната венчавка во Лас Вегас, официјалната церемонија се одржа на 20 август, на имотот на актерот во Савана, Џорџија, кој вреди 6 милиони долари, во присуство на семејствата и пријателите.
Џенифер Лопез, очекувано, блеска со гламурозниот невестински изглед, а носи венчаница од Ралф Лорен, која според изворите, се влече околу 6 метри зад неа.
Она што е интересно, е дека освен младоженците, и гостите требало да бидат облечени во бело, а до олтарот ги испратија нивните деца.
Погледнете ги првите фотки од свадбата на Бен и Џеј Ло:
М. М. | Црнобело / фото извор