Го застрелал брат му, избоде соработник: Мрачни детали од минатото што Џеј Зи сака да ги заборавиме
- Детали
- сабота, 14 декември 2024
Самиот призна дека го застрелал брат му со пиштол, а постојат и гласини дека бил вмешан во смртта на жена која останала бремена од него, за да го спаси бракот со Бијонсе.
По тужбата за силување 13-годишна девојка во 2000-та, во јавност почнаа да излегуваат детали за минатото на Џеј Зи кои раперот упорно пробува да ги скрие.
Иако со сопругата Бијонсе важат за најмоќниот и највлијателниот пар во светот на музиката и низ годините стекнаа добра репутација, сега изгледа сето ова пропаѓа во вода.
Уште откако Пи Диди беше уапсен, јавноста почна да го поврзува Џеј Зи со злосторствата за коишто е осуден, а „на тапет“ се најде и Бијонсе за која многумина веруваат дека била свесна за она што се случува.
Мрачни детали од минатото на Џеј Зи кои сигурно дополнително ќе му ја уништат репутацијата:
Нема завршено средно
Џеј Зи се отпишал од средно, а на само 13-годишна возраст станал дилер на дрога и продавал крек.
Тој си ја задржал оваа „професија“ неколку години.
Самиот има изјавено дека дилерите што ги гледал му биле идоли и сонувал да стане како нив.
Сепак, тврди дека никогаш не ја користел дрогата.
Го застрелал брат му
Џеј Зи откри дека на 12-годишна возраст го застрелал брат му кој тогаш имал 16 години.
Имено, тој му украл прстен, па Џеј Зи го застрелал.
Бил сигурен дека ќе оди во затвор, но неговото семејство одлучило да молчи за инцидентот бидејќи брат му бил зависник од дрога.
Па, мислеле дека ако вмешаат полиција, ќе ја искомплицираат ситуацијата.
Избоде продуцент во ноќен клуб
Во 1999 година, Џеј Зи беше уапсен за напад на тогаш младиот продуцент Ленс Ривера.
Раперот мислел дека продуцентот продава копии од неговиот албум кој уште не бил издаден и ова го разгневило.
Па, отишол во ноќниот клуб каде што бил продуцентот, извадил нож и го избодел.
Џеј Зи самиот се пријави во полиција и призна вина, а на судењето доби условна казна во траење од три години.
Беше уапсен за поседување оружје
Во 2001 година, Џеј Зи беше уапсен пред ноќен клуб во Менхетн, заедно со уште тројца мажи, за поседување оружје.
Раперот немал никаква дозвола за оружје, а пиштолот што го носел бил и наполнет.
Гласини за вонбрачни деца
Со Бијонсе, Џеј Зи има три деца. Но, низ годините се појавиле многу гласини дека добил вонбрачни деца.
Можеби најпознато е тврдењето на жена која наводно останала бремена од раперот на 16-годишна возраст.
Тогаш Џеј Зи имал 22 години.
Денес наводниот син на раперот има 31 година, а мајка му вели дека Џеј Зи одбивал да направи ДНК тест.
Џеј Зи ги негира сите шпекулации дека има вонбрачни деца.
Гласини дека убил бремена љубовница
Кети Вајт беше ПР агент за познати која ненадејно почина во 2011 година.
Таа соработуваше и со Џеј Зи, а кратко по смртта се појавија гласини дека тие имале афера.
Според шпекулациите, Кети останала бремена од Џеј Зи, па за да си ја заштити репутацијата и да го спаси бракот со Бијонсе, тој бил вмешан во нејзината смрт.
Некои, пак, сметаат дека и Бијонсе била вмешана во нејзината смрт.
Ништо од шпекулациите не е потврдено, но сега, по новата тужба, дел од јавноста верува дека никој не би бил изненаден ако се вистина.
Спирова С. | Црнобело