Џеј Ло поднесе документи за развод на годишницата со Бен – Со месеци се расправале за поделбата на милионите
- Детали
- среда, 21 август 2024
Толку многу верувале дека нивната љубов е вистинска што не сакале да направат ниту предбрачен договор. Сега се расправаат за тоа како да ги поделат милионите. Џеј Ло конечно поднесе документи за развод од Бен, додека тој уживаше со бившата сопруга и семејството.
По неколкумесечни гласини дека Џеј Ло и Бен Афлек веќе не се заедно и дека Бен не сака да поднесе документи за развод за да не ја понижи дополнително сопругата, пејачката одлучи да ги преземе работите во свои раце и поднесе документи за развод.
Како што пишуваат светските таблоиди, на денот на годишницата од нивната свадба (20.08) Џеј Ло посетила адвокат кој треба да ја започне процедурата за развод.
Daily Mail повикувајќи се на свои извори, пишува дека точниот датум на разделбата е 26-ти април.
Инаку додека Џеј Ло ги поднесуваше документите за развод Бен беше заедно со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и заедно ја испратија ќерката Вајолет на колеџ.
Она што изненади многумина е тоа што Бен и Џеј Ло немале предбрачен договор, па така сè што заработиле во последните две години најверојатно ќе треба да биде рамномерно распределено меѓу двајцата партнери.
Џеј Ло, која има богатство од 400 милиони долари, откако стапи во брак со Бен сними 4 филмови, вклучително и документарецот што го сними, а кој беше посветен на нивната љубов.
Освен тоа, таа креираше свој бренд на коктели, но се откажа од овој проект за да може да се сконцентрира на семејството.
Бен Афлек има богатство од 150 милиони долари, но во периодот додека беше во брак со Џеј Ло играше во филмовите Air и Hypnotic од 2023-та година, а потпиша уште еден договор за продолжението на филмот The Accountant.
Работите дополнително се заплеткуваат, затоа што парот заедно работеше на филмот што наскоро треба да се појави, а е насловен Unstoppable.
Познато е дека Џеј Ло нема да бара Бен да ѝ исплаќа поддршка, а многу е веројатно дека таа ги поднела документите за развод откако парот во последниот период последно се расправал околу финансиите.
Наводно, тие со месеци не можеле да се договорат како да го поделат богатството, а познато е дека тие ја ставија на продажба куќата во Беверли Хилс која пред една година ја купија за 60 милиони долари.
Прочитајте и Ја молеше да му прости, па ја остави откако таа јавно покажа колку го сака – Како Бен Афлек ја понижи Џеј Ло?
Б. С. Б. | Црнобело