Објавени фотки на кои Џеј Ло се расправа со Диди ноќта кога силувал 13-годишно девојче + како изреагира кога ја прашаа за него?
- Детали
- четврток, 31 октомври 2024
Во јавност се појавија фотки од забава од 2000-та кога Пи Диди наводно силувал 13-годишно девојче. На фотките, тој жестоко се расправа со тогашната девојка Џеј Ло.
Откако Пи Диди беше уапсен, сите чекаат изјава од Џеј Ло која беше во врска со раперот од 1999 до 2001 година.
Пејачката нема кажано ништо, но во јавност постојано се појавуваат детали и фотки од нивната врска кои алудираат на тоа дека можеби таа знаела нешто, но и дека можеби и самата била жртва.
Од низата обвинија против раперот, последното е дека на забавата по доделувањето на MTV VMА во 2000-та, тој силувал девојче кое имало само 13 години.
Според тужбата, тој го издрогирал девојчето и додека го силувал, со него биле уште две познати личности чиј идентитет не е откриен.
Кратко откако тужбата допре до јавност, Daily Mail сподели фотки од раперот од забавата.
Тој период, тој беше во врска со Џеј Ло, а и заедно присуствува на забавата по MTV VMA.
На фотките, пак, изгледа како да се во жестока расправија.
Извор кој присуствувал на забавата, за Daily Mail вели дека тензијата меѓу нив двајца била очигледна.
„Диди држеше шише шампањ и им ставаше на гостите.
Сите танцуваа и уживаа, но тензијата помеѓу него и Џеј Ло само се зголемуваше“.
Според изворот, по расправијата, Пи Диди излегол од локалот каде што се одржувала забавата, а со него имало и група девојки.
Не е познато за што точно се расправале, но силувањето наводно се случило во куќа во близина на локалот, откако раперот ја напуштил забавата.
Џеј Ло не е спомната во тужбата за 13-годишното девојче.
Пејачката одбива да зборува за раперот, а кога неодамна била прашана за него, изреагирала бурно.
Според изворите на британскиот The Mirror, во вторникот (29.10), Џеј Ло потпишувала автограми, кога некој ѝ поставил прашање за Пи Диди.
Ова ја разгневило, па таа веднаш престанала со потпишувањето автограми и си заминала, без разлика што фановите ја молеле да се врати.
Набрзо потоа, таа беше фотографирана во автомобил со видно загрижен израз на лицето.
Во 2003-та, Џеј Ло изјави дека раскинале со Пи Диди бидејќи тој ја изневерил.
„Тоа беше првпат да бидам во врска со неверен партнер. Додека бевме заедно постојано плачев, полудував“.
Прочитајте повеќе: Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби
Пи Диди моментално е во затвор и го чека судењето закажано за мај 2025 година. Досега за него се поднесени тужби за трговија со луѓе, присилна проституција, рекетирање и силување.
Тој стои на ставот дека е невин.
Спирова С. | Црнобело