Ја молеше да му прости, па ја остави откако таа јавно покажа колку го сака – Како Бен Афлек ја понижи Џеј Ло?

„Џеј Ло е „гневна“ и „понижена“ заради разделбата со Бен Афлек“ – пишуваат светските таблоиди, откако стана сè поизвесно дека холивудскиот пар кој се обиде да ѝ даде втора шанса на љубовта, веќе не е заедно.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-01.jpg

Со месеци наназад топ тема во светските медиуми е разводот меѓу Џеј Ло и Бен Афлек.

Откако неколку години се трудеа да ја продадат приказната дека за вистинската љубов никогаш не е доцна, тие се разделија, а сега Бен гордо позира пред папараците, со широка насмевка и нова фризура.

Таблоидот PageSix повикувајќи се на сопствени извори пишува дека Џеј Ло е гневна затоа што Бен ја понижил.

„Тој беше тој што сакаше повторно да бидат заедно. Тој ја понижи затоа што се налути откако таа јавно покажа дека тој е најголемата љубов во нејзиниот живот“ – се наведува во текстот.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-06.jpg

Дополнително, она што на Џеј Ло ѝ паѓа најтешко е тоа што Бен воопшто не води сметка за децата.

„Вкупно пет деца се вклучени во ова. Таа знаеше дека семејствата ќе бидат споени, и не може да прифати дека Бен сака да стави крај“ – велат добро упатените извори.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-02.jpg

Сепак, според истиот извор, Бен не сака дополнително да ја понижи сопругата, па затоа не поднесува документи за развод, а разврската дополнително е отежната затоа што парот воопшто не комуницира во последните месеци.

Во меѓувреме, додека во таблоидите се шират гласини за нивниот однос, Бен Афлек беше снимен низ улиците на Лос Анџелес, со широка насмевка на лицето, без бурмата, а се чини дека овојпат не беше вознемирен од папараците кои го чекаа за да го сликаат.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-05.jpg

Џеј Ло, пак, беше снимена како разгледува куќи низ Беверли Хилс, откако Бен пред 2 недели потроши 20 милиони долари за да си купи ергенски стан, додека таа го прослави сама роденденот.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-03.jpg

За твитерџиите, пак, разводот меѓу Џеј Ло и Бен беше очекуван, а на шега ја споделуваат фотката од нејзиниот поранешен свршеник Алекс Родригез како слави на теренот за бејзбол.

„Еве што прави Алекс Родригез во моментов“ – се шегуваат тие на туѓа сметка.

„Бесна и понижена, навистина? Што мислеше дека ќе ѝ се случи?“ – велат други.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-04.jpg

За потсетување, Џеј Ло и Бен Афлек одлучија да ѝ дадат втора шанса на љубовта во јуни 2021-ва година, само 2 месеци откако таа одлучи да стави крај на свршувачката со Алекс Родригез.

Дел од медиумите пишуваа дека Џеј Ло одлучила да се разделат затоа што Алекс ја изневерил, а други пак, дека таа била уплашена дека ќе ја изневери заради неговата репутација, и одлучила да стави крај на врската.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-11.jpg

Како и да е, она што на сите им е јасно е дека и Алекс и сите други паѓаат во сенка, затоа што пејачката и актерка цел живот била вљубена во Бен, па заради тоа со години ги чувала неговите љубовни писма.

Токму тие писма му пресудија на бракот, затоа што Бен јавно призна дека не му се допаѓа тоа што таа јавно ги сподели со целиот свет.

„Работите што се приватни секогаш чувствував дека се свети и посебни, делумно, затоа што се приватни.

Затоа ми требаше време да прифатам дека ги објавила“ – изјави Бен, откако во најновиот документарец што Џеј Ло го посвети на нивната љубовна приказна, таа одлучи да ја сподели нивната преписка.

ja-moleshe-da-mu-prosti-pa-ja-ostavi-otkako-taa-javno-pokazha-kolku-go-saka-kako-ben-aflek-ja-ponizhi-djej-lo-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg