„Ме остави за пејачка откако му родив дете“: Бившата на дечкото на Аријана Гранде емотивна за болниот развод

„Не мислев дека некогаш ќе се разведам. Особено не откако го родив моето прво дете и во сенката на новата врска на мојот сопруг со славна личност“, вели Лили Џеј, жената на која Аријана Гранде ѝ го „украде“ сопругот.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod001.jpg

Аријана Гранде го запозна дечко ѝ Итан Слејтер за време на снимањето на филмот Wicked.

Тогаш и таа и Итан беа во брак, но сепак почнаа афера и, на крај, ги оставија своите сопружници.

Бидејќи дечко ѝ Итан беше во брак повеќе од една деценија и има дете со бившата, Аријана се соочи со критики и беше нарекувана „уништувач на семејства“.

Сепак, ова не беше пречка за Итан и Аријана јавно да ја покажуваат нивната љубов.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-4.JPG

Сега, пак, се огласи и бившата сопруга на Итан која напиша емотивен есеј за магазинот The Cut.

Таа вели дека постојано мора да ги гледа Итан и Аријана кои периодов се сеприсутни поради промовирањето на филмот Wicked.

„За мене, деновите што ги минувам со син ми се сончеви.

Но, деновите кога не можам да ја избегнам промоцијата на филмот кој е поврзан со најтажниот период од мојот живот се многу помрачни“, пишува Лили Џеј.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-5.JPG

„Мајчинството, како што сфатив, ми го пополнува времето, но не и умот.

Во безбројните часови што ги поминав во нишкање на син ми, буткање на неговата количка, посветено се обидувам да го прифатам јавното пропаѓање на мојот брак.

Постојано си повторувам дека не треба да се срамам од ова и дека немам што да кријам.

Никој не стапува во брак со помислата дека ќе се разведе… Ни јас не мислев дека ќе се разведам.

Особено не откако го родив првото дете и во сенка на новата врска на мојот сопруг со славна личност“.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-02.JPG

Лили Џеј, која работи како клинички психолог, вели дека во целата ситуација со болниот развод, најмногу ѝ фали нејзината анонимност.

„Има луѓе кои сум ги знаела порано и кои ми се јавуваат да ми кажат дека ме виделе во некој медиум.

Но, моите пациенти молчат“.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-8.JPG

Во периодот кога се чувствувала најлошо, откако Итан ја оставил, Лили вели дека имала постпородилна депресија и се плашела дека ќе си ја уништи кариерата, а со тоа и животот.

А, тоа што разводот се случува пред очите на јавноста, веќе имало влијание врз нејзината професија.

„Не можам со сигурност да кажам колку настрадала мојата кариера поради она што се пишува за мене.

Но, има некои знаци, како понудата за работа што беше повлечена без објаснување и пациентот кој закажа преглед, но потоа исчезна“.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-7.JPG

Сепак, таа додава дека поранешниот сопруг е добар татко.

„И двајцата безусловно го сакаме нашиот син, без разлика како ќе си го поделиме времето со него…

Постепено почнав да верувам дека животот што го планирав со мојата љубов од средно, ќе се претвори во сладок живот со моето дете“.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-.JPG

Понатаму, Лили пишува дека одлучила да зборува јавно бидејќи се помирила со фактот дека веќе не е анонимна личност.

Лили открива и дека имала прееклампсија во текот на бременоста, а веднаш по породувањето се согласила со Итан да се преселат во друга држава, само за да му даде поддршка во кариерата.

me-ostavi-za-pejachka-otkako-mu-rodiv-dete-bivshata-na-dechkoto-na-arijana-grande-emotivna-za-bolniot-razvod-9.JPG

Инаку, Итан и Лили ја почнале врската додека биле во средно. Се венчале пред пет години, а се разделија минатата година, откако се дозна дека тој имал афера со Аријана.

Итан поднесе барање за развод во јули 2023, а нивниот развод беше финализиран во септември годинава.

Прочитајте и: Аријана Гранде со месеци го изневерувала сопругот, а тој не сака развод - Кој е Итан Слејтер, новиот дечко на пејачката?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg