Аријана Гранде со месеци го изневерувала сопругот, а тој не сака развод - Кој е Итан Слејтер, новиот дечко на пејачката?
- Детали
- петок, 21 јули 2023
„Далтон Гомез се надева дека ќе успее да се смири со Аријана“ – пишуваат светските таблоиди, иако во дел од нив се појавија фотки кои покажуваат дека таа имала друг дечко неколку месеци пред да најави дека се разведува. Кој е новиот дечко на Аријана Гранде?
Само неколку денови откако е откриено дека Аријана Гранде се разведува од сопругот Далтон Гомез, светските таблоиди пишуваат дека таа е во нова врска со Итан Слејтер, со кого се запознала на снимањето на филмот Wicked.
Филмот треба да биде објавен во ноември 2024-та година, а според пишувањата на таблоидите, нивната врска почнала неколку месеци пред јавноста да дознае дека Аријана се разведува.
Уште во март годинава, нивната заедничка фотка почна да се шири низ медиумите, а на неа се гледа дека тие двајца седеле еден до друг вечерта кога славеле за Оскарот на Мишел Јео во Лондон.
Итан Слејтер е познат актер на Бродвеј кој во 2018-та година се ожени за неговата девојка од средно Лили Џеј, со која претходно бил 6 години во врска и на почетокот на оваа година заедно добија син.
Во моментов Слејтер е разделен од неговата сопруга, по што ја започнал врската со Аријана Гранде.
Во ноември минатата година, тој на Инстаграм објави порака упатена до сопругата во која не ги криеше пофалните зборови за неа:
„Ти си мојот најдобар другар, 4 години сме во брак, 10 години сме заедно. Ова е најдобрата (и најбизарна) година“.
Во јануари годинава, актерот откри дека тој и неговата поранешна сопруга заедно добиле бебе, а 4 месеци подоцна откри дека имаат син.
По вестите дека Аријана ќе се разведува од сопругот, Далтон Гомез, USmagazine пишува дека тој не сакал да стават крај на бракот и сѐ уште се надева дека ќе успеат да ја спасат врската.
„Далтон е скршен од болка. Тој не сакаше да се разделат, туку сакаше среќен крај и бајка, но по сѐ изгледа дека нема да ги добие“ – пишува магазинот повикувајќи се на свои извори.
Инаку Аријана Гранде стапи во брак со Далтон Гомез во мај 2021-ва година откако претходно се гледаа една година.
Наводно тој сѐ уште се надева дека ќе успее повторно да ја освои пејачката и да го спасат бракот.
„Вистината е дека тој не ја преболел Аријана и би сакал повторно да ја освои, а таа само сака да продолжи понатаму и воопшто не ѝ е грижа за разделбата“ – пишува магазинот.
Пред да почне врска со Далтон Гомез, Аријана беше свршена со Пит Дејвидсон, со кого раскина во 2018-та година.
Прочитајте и „Секоја жена после неа е разочарана“ - Пит Дејвидсон за гласините на Аријана Гранде дека тој има огромен полов орган
Б. С. Б. | Црнобело