Ги избриша фотките од свадбата, не го носи прстенот – Аријана Гранде ќе се разведува по 2 години брак
- Детали
- вторник, 18 јули 2023
Аријана Гранде и Далтон Гомез пред околу два месеца ја прославија втората годишнина од бракот, но сега се разделени и планираат да се разведат. Според извори блиски до парот, тие имале проблеми уште од почетокот на годината и не успеале да го спасат бракот.
Аријана Гранде и сопругот Далтон Гомез се разделија по две години од свадбата, а наводно неколку месеци безуспешно пробувале да го спасат бракот.
Пејачката и Далтон се венчаа во мај 2021 година, но сега Аријана ги избриша сите фотки од свадбата.
Истовремено, таа беше забележана на Вимблдон без сопругот, но и без прстен.
„Аријана и Далтон имаат само почит еден за друг. Уште се пријатели и сакаат да го задржат пријателството.
Немаше неверство или нешто лошо помеѓу нив, туку бракот, едноставно, не функционираше. Се случуваат вакви работи“, вели извор близок до парот за Daily Mail.
Веста за разделбата најпрво беше споделена на TMZ, а подоцна Daily Mail сподели дека е потврдена од портпарол на пејачката. Засега Аријана се нема огласено.
Аријана и Далтон изминативе два месеца пробале да работат на бракот, но безуспешно. Истовремено, тие биле разделени уште од почетокот на годината.
Периодов Аријана работи на мјузиклот Wicked поради што често е во Лондон. Проблемите во бракот почнале уште пред снимањето, а тоа што речиси постојано биле разделени само ја влошило ситуацијата.
„Тие имаа проблеми уште пред Аријана да почне да снима во Лондон. Не можеа да ги решат, а дистанцата помеѓу нив не беше од помош. Не зборуваа и најверојатно ќе се разведат“, вели извор за Us Weekly.
Други извор истакнува дека нивниот брак бил совршен сè до почетокот на годината.
„Им одеше одлично откако се венчаа. Но, за жал, се соочија со проблеми пред неколку месеци и не можат да ги решат. Заедно донесоа одлука да се разделат, но сакаат да останат добри пријатели“.
Аријана и Далтон ја почнаа врската во 2020 година, а кратко пред крајот на годината пејачката откри дека се вериле.
Се венчаа во 2021-ва со интимна церемонија со 20-тина гости, која се одржа во домот на пејачката.
За втората годишнина во мај 2023-та, Аријана сподели фотки на Инстаграм кои сега се избришани.
Аријана ги избриша и фотките од свадбата и скоро сите објави со Далтон.
Спирова С. | Црнобело