Се венчаа на 18 години, денес е во инвалидска количка: Која е првата сопруга на Меколи Калкин?
- Детали
- недела, 02 март 2025
Меколи Калкин и Рејчел Мајнер се венчаа на 18-годишна возраст. Поради возраста, но и вниманието од јавноста, се разделија по само две години. Сепак, велат дека денес се во добри односи.
Денес Меколи Калкин е во среќна врска со партнерката Бренда Сонг.
Иако не се во брак, тие се заедно од 2017 година, а заедно имаат и едно дете.
Не е познато зошто актерот и саканата избегнуваат брак, но една од можните причини е и неговото лошо искуство во минатото.
Веројатно знаете дека Меколи имаше долга врска со Мила Кунис, но знаевте ли дека претходно, на само 18-годишна возраст, тој беше и во брак?
Која е правта сопруга на Меколи Калкин и како пропадна нивниот брак?
Актерката Рејчел Мајнер е првата сопруга на Меколи, а се запознале кога и двајцата имале 14 години.
Тие оделе во исто училиште за глума во Њујорк.
Дотогаш Меколи веќе беше светски познат и правеше пауза од филмовите, додека Рејчел имаше улога во американската сапуница Guiding Light.
Рејчел се запишала во училиштето подоцна, а на почетокот не биле во добар однос со Меколи.
Година-две подоцна, Меколи и Рејчел се појавија во музички спот на Sonic Youth и веројатно оваа соработка имала големо влијание врз нивниот однос.
Тие почнаа врска само неколку дена по снимањето на спотот.
И, Меколи не чекал многу – на само 17-годишна возраст, тој ја запроси Рејчел.
Дотогаш, Меколи веќе се имаше дистанцирано од неговите родители, но тие сепак имаа старателство над него.
Единствено, актерот се погрижи татко му да нема пристап до неговите пари.
Па, бидејќи биле малолетни, и нему и на Рејчел би им требала дозвола од родител за да стапат во брак.
Наместо да бараат дозвола, тие почекале да наполнат 18 години.
И, во 1998 година, Рејчел и Меколи стапија во брак.
Тогаш и двајцата изјавија дека се пресреќни што ја нашле љубовта на својот живот на толку рана возраст.
Сепак, возраста, заедно со фактот што и двајцата се јавни личности, негативно се одрази на нивниот брак.
Само две години по венчавката, тие се разделија, а го финализираа разводот во 2002 година.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





