Меколи Калкин откри сладок семеен момент: „Син ми мисли дека тој е Кевин од Home Alone“
- Детали
- среда, 11 декември 2024
„Тој мисли дека е Кевин. Го прашувам – се сеќаваш ли дека си се лизгал по скалите? И тој вели – мхммм, да. Му кажав дека е лажго и дека тоа сум бил јас“ - се шегува за својот син Меколи Калкин, актерот кој е најпознат по улогата на Кевин во „Сам дома“.
Декември е месецот кога започнува новогодишната еуфорија, речиси секој дом е накитен и традиционално, се гледа филмот „Сам дома“.
Малото момче Кевин на сите може да ни го разубави денот, но актерот кој го глуми, Меколи Калкин, денес е веќе возрасен маж, кој и самиот има две деца.
Низ годините славата негативно влијаеше на неговите животни избори и познато е дека имал многу трауматично детство, а иако одамна стави крај на актерската кариера, сепак останува еден од најпрепознатливите ликови.
Прочитајте и „Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи Калкин
Денес тој е семеен човек во среќен брак со Бренда, кој признава дека им го пушта филмот на своите деца, но им раскажува што се случува, бидејќи уште се мали за да го сфатат сами дејството.
Неодамна, 41-годишниот актер за E!News откри дека заедно со сопругата, синот Дакота (3) и 2-годишниот син чие име уште не е познато, се огромни фанови, до степен што постариот син се идентификува себеси како Кевин Мекалистер.
„Тој мисли дека е Кевин. Го прашувам – се сеќаваш ли дека си се лизгал по скалите? И тој вели – мхммм, да. Потоа му велам, а се сеќаваш ли дека си имал руса коса? И тој повторно одговара потврдно“ – раскажува Меколи.
Дакота дури му кажал на својот татко дека тој се борел со крадците, а Калкин повеќе не можел да ги издржи лагите, па му рекол: „Ти си лажлив лажго што лаже. Тоа бев јас!“ – раскажува шеговито.
Сепак, тој го остава синот да си живее во својата фантазија, а се надева дека еден ден неговите деца ќе бидат многу изненадени кога ќе сфатат дека татко им е всушност главна ѕвезда во овој празничен класик.
„Сега сум многу повисок. Имам и многу повеќе влакна по телото. Но да, тоа сум всушност јас“ – се шегува Меколи.
За разлика од него, неговиот брат Киран Калкин, воопшто не им го пушта филмот на своите деца, бидејќи смета дека сепак некои сцени (како онаа со тарантулата), може да бидат страшни за мали деца.
М. М. | Црнобело