Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин?
- Детали
- сабота, 08 март 2025
Откако со години живееше во сенката на брат му Меколи, Киран Калкин конечно го добива заслуженото признание. Но, 42-годишниот актер секогаш имал само добри зборови за Меколи и никогаш не пропуштал можност да го пофали и поддржи, дури и кога самиот не можеше да се пробие во филмската индустрија.
Во 1990-тите, Меколи Калкин беше најпознатото дете во светот. Иако со години не е многу активен во филмската индустрија, и до денес важи за најпопуларните актери.
Па, за брат му Киран Калкин сигурно не било воопшто лесно да се пробие и да излезе од неговата сенка.
Изминативе неколку години, Киран е мошне активен – стекна голема популарност со серијата Succession, додека улогата во A Real Pain му донесе и Оскар за најдобар актер во споредна улога.
A, покрај славата на брат му, во детството, Киран морал да се справува и со токсичниот однос што го имал со татко му.
Неколку детали за животот на Киран, но и односот со брат му Меколи:
Киран и Меколи пораснале во семејство со седум деца, а самиот има откриено дека сите спиеле во иста соба.
Како него, и неговите браќа и сестри биле дел од забавната индустрија, но сите биле засенети од талентот на Меколи.
Всушност, и Киран се појавува во Home Alone, филмот што го прослави брат му, но голем дел од јавноста воопшто го нема ни забележано.
Иако Меколи дефинитивно страдал најмногу бидејќи имал безброј ангажмани, и Киран има изјавено дека татко му не бил добар родител.
Додека татко му Кит го форсирал Меколи со цел да го направи богата ѕвезда, Киран се чувствувал изолирано.
„Мислам дека татко ми беше премногу фокусиран на брат ми Меколи и неговата кариера.
Поради ова, се чувствував отфрлено и поради него си реков дека никогаш нема да бидам таков родител“.
А, дури и кога покажувал некаква близина, поважна му била кариерата на децата отколку односот со нив.
„Татко ми, искрено, не беше татко. Физички беше присутен, но никогаш не почувствував дека тој ми е татко.
Емоционално, тој беше недостапен за нас. Повеќе сакаше да ни биде менаџер отколку родител“, има изјавено Киран во интервју за The Guardian.
Во 1995 година, родителите на Киран и Меколи се разделиле, па татко ми почнал многу да се оддалечува и од нив, и од другите браќа и сестри.
Бидејќи пораснал со мајка му, Киран вели дека таа била како столб во неговиот живот и му помогнала да си го пронајде патот.
За разлика од Меколи кој бил туркан од татко му, Киран самиот требал да се избори во Холивуд.
Но, ова воопшто немало лошо влијание врз двајцата браќа.
Напротив, Киран секогаш отворено го поддржувал Меколи, а важи и обратното.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





