Порасна со насилен татко, беше засенет од брат му: Каков е односот на Киран и Меколи Калкин?
Бидејќи Меколи е постар, Киран вели дека многупати го штител од татко му не само него, туку и останатите браќа и сестри.
„Меколи отсекогаш ми бил постариот брат кој ме штити. Кога си дел од семејство со многу деца, од кои најстарото е светски познато, може да биде тешко.
Но, Меколи ме штитеше од целиот притисок и засекогаш ќе му бидам благодарен“.
Киран вели и дека славата на Меколи немала влијание врз нивниот однос ни во детството.
Истовремено, тој дека отсекогаш се восхитувал на способноста на Меколи да се справи со славата на толку рана возраст.
„Меколи беше големата ѕвезда и дефинитивно му беше тешко да порасне со тоа. Тој немаше никаква анонимност додека ние, останатите браќа и сестри само бевме покрај него“.
Сепак, Киран вели дека некогаш му била нереална популарноста на брат му.
„Некогаш беше чудно тоа што Меколи беше толку познат. Не дека ми имаше лошо влијание, но некогаш делуваше нереално. Беше дете, а го гледаше целиот свет.
Се сеќавам дека се прашував како издржува. Но, тој се справуваше со притисокот грациозно. Научив многу од него“.
По бројни помали улоги, Киран ја доби една од главните улоги во серијата Succession и почна да се прославува дури и повеќе од брат му.
Годинава, пак, освои и Оскар – награда што брат му ја нема добиено.
Меколи го поддржуваше најмногу и кажа дека дури и се расплакал кога видел дека победил.
„Од целата церемонија, го гледав само доделувањето за најдобра машка споредна улога. И плачев“.
Меколи додаде и дека бил сигурен дека брат му ќе победи.
„Апсолутно верував дека ќе победи. Седеше во прв ред, најблиску до скалите. Немаше шанси да не победи“.
Како Меколи, и Киран е во среќен брак, со сопругата Џез Чартон.
Веќе имаат две деца, но Киран вели дека сакаат огромно семејство.
Искуството со татко му, пак, го научило самиот да биде подобар родител.
„Сакам големо семејство. Си замислувам куќа полна со деца. Мислам дека затоа што пораснав во семејство со многу деца, нормално е да сакам големо семејство.
Исто така, сакам да бидам родител каков што мојот татко никогаш не бил, секогаш да бидам овде за моите деца. Тоа ми е особено важно“.
Прочитајте и: „Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи Калкин
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





