Се венчаа на 18 години, денес е во инвалидска количка: Која е првата сопруга на Меколи Калкин?
Неколку години по разводот, Меколи прозборе за краткиот брак.
„Јасно ми е дека тоа не е нормална возраст за стапување во брак.
Но, да знаете само колку писма добив од фанови кои им кажуваа дека се венчале на 17 години и биле заедно со партнерите и 50 години подоцна“.
На прашањето зошто се развеле, актерот одговори:
„Зошто се разведуваат и другите? Едноставно, некогаш се случува тоа. Никој не сака да се случи нешто такво.
Нормално, кога се венчавме, со Рејчел бевме сигурни дека ќе бидеме заедно засекогаш“.
Неколку години подоцна, актерот повторно зборуваше за пропаднатиот брак и кажа дека голем удел имала неговата емоционална незрелост.
Исто така, додаде и дека пред да ја побара за жена, Рејчел му раскинувала трипати.
Сепак, и по разводот, тие останале во добар однос.
По разделбата, Меколи почна врска со Мила Кунис, додека Рејчел реши да направи пауза од глумата.
Неколку години подоцна се врати во индустријата и стекна слава со улогата во хит-серијата Supernatural.
Но, додека работеше на серијата, Рејчел беше дијагностицирана со мултипла склероза.
Рејчел се појавуваше во серијата сè до осмата сезона, но потоа болеста ѝ го отежна работењето на сетот.
„Болеста имаше големо влијание врз мојата кариера… Со години имав многу изразени симптоми, но ги криев.
Сепак, колегите (од Supernatural) многу ме поддржуваа“.
Денес Рејчел користи инвалидска количка и не може да глуми како порано.
Но, со помош на колега од Supernatural – Миша Колинс – целосно е посветена на добротворна работа во склоп на негова непрофитна организација.
Денес таа пробува да ја зголеми свесноста за нејзината болест, но и за другите ретки болести.
Погледнете и: Гласини за неверство и лошо влијание врз актерот – Факти за врската на Мила Кунис и Меколи Калкин
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





