Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?

По низа скандалозни однесувања во јавност со уништен лик и кожа, под дејство на алкохол и наркотици во своите 20-ти години, денес, на речиси 40 години, Линдзи Лохан изгледа како никогаш да не го живеела турбулентниот живот, а кожата ѝ блеска - која е докторката од Србија со своја клиника во Дубаи, што направи магија на нејзиното лице?

koja-e-srpskata-doktorka-shto-gi-izbrisha-godinite-i-tragite-od-droga-na-liceto-na-lindzi-lohan-40-01.jpg

Многупати беше на рехабилитација во раните 2000-ти години, неколкупати се има предозирано и има завршено во болница, а не може да се добројат скандалозните појавувања кои ги имала во јавност под дејство на алкохол и дрога.

koja-e-srpskata-doktorka-shto-gi-izbrisha-godinite-i-tragite-od-droga-na-liceto-na-lindzi-lohan-40-02.jpg

Девојчето од „The Parent Trap“, „Mean Girls“ и уште неколку филмови, лошо ја поднесе славата и во 20-тите години водеше турбулентен живот кој остави траги на нејзиниот изглед.

koja-e-srpskata-doktorka-shto-gi-izbrisha-godinite-i-tragite-od-droga-na-liceto-na-lindzi-lohan-40-06.jpg

Подоцна, низ годините, таа очигледно се смири и се обиде да го коригира ликот, но секојпат делуваше вештачки и неуспешно.

Она што многумина кои се растени во тоа време ги изненади, е што сега, појавувајќи се на премиера на нејзиниот нов божиќен филм „Our Little Secret“, но и во емисии, Линдзи изгледа како никогаш да немала бурно минато зад себе.

Прекрасен тен, мазна и нежна кожа, минимална и едноставна шминка, со топол поглед и пријатна насмевка – едноставно беспрекорна и непрепознатлива.

koja-e-srpskata-doktorka-shto-gi-izbrisha-godinite-i-tragite-od-droga-na-liceto-na-lindzi-lohan-40-07.jpg

Денес таа има 38 години, а нејзиното лице изгледа како да е 20-тина години помладо, или како да живеела сосема здрав и нормален живот.

Линдзи е зафатена од трендот на процедури кои го помагаат подмладувањето, но делуваат речиси незабележливо, а тој ефект можат да го постигнат само професионалци.

koja-e-srpskata-doktorka-shto-gi-izbrisha-godinite-i-tragite-od-droga-na-liceto-na-lindzi-lohan-40-04.jpg

Неодамна, актерката откри кој стои зад нејзиниот младолик изглед, на кој се скриени сите траги од годините поминати во борба со зависности, дрога и алкохол.

„Со мојата драга д-р Радмила Лукијан, време е за нега на кожа“ - напиша таа на селфито со докторката, на кое нема ниту грам шминка, а кожата ѝ блеска.

koja-e-srpskata-doktorka-shto-gi-izbrisha-godinite-i-tragite-od-droga-na-liceto-na-lindzi-lohan-40-08.jpg

Повеќе за докторката прочитајте на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Го избркала од дома, ја бакнал Линдзи Лохан: Знаци дека бракот на Џесика Алба и Кеш Ворен беше осуде... Иако вестите за разделбата на Џесика Алба и Кеш Ворен се изненадување, низ годин...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg