Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат

Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу нив…

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-denes-ne-zboruvaat-01.jpg

Ривалствата во светот на славните не се ништо ново, а многупати ѕвездите кои биле мошне блиски, денес се најголеми непријатели.

Неколку пријателства во Холивуд кои завршија неславно:

Дрејк и Канје Вест

Војната помеѓу Канје Вест и Дрејк почна да се води на социјалните мрежи, но и преку нивните песни.

Неретко тие се навредуваа и во интервјуа.

Не е познато што точно ги разделило некогашните пријатели, но наводно станува збор за професионално ривалство.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-02.jpg

Селена Гомез и Деми Ловато

Селена и Деми се прославија заедно, па не е ни чудно што беа неразделни.

Сепак, поради приватните проблеми на пејачките, вклучувајќи ги и проблемите со менталното здравје, тие се оддалечија.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-03.jpg

Бијонсе и Ким Кардашијан

Можеби не беа најдобри пријателки, но преку нивните (поранешни) сопрузи, Ким и Бијонсе беа доста блиски.

Сепак, откако Бијонсе и Џеј Зи ја пропуштија свадбата на Ким и Канје, стана јасно дека на пријателството му дошло крајот.

Но, не е познато зошто.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-04.jpg

Том Круз и Џејми Фокс

Познатите актери беа мошне добри пријатели, но меѓу нив застана бившата на Том – Кејти Холмс.

Односот меѓу актерите драстично се влошил откако Џејми Фокс почна врска со неа.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-05.jpg

Мараја Кери и Џеј Ло

Некогаш, Мараја Кери и Џеј Ло беа мошне блиски пријателки, но по некој период почнаа суптилно да се навредуваат во интервјуа, па и преку нивните песни.

Наводно, имале неколку обиди да го подобрат односот, но безуспешно.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-06.jpg

Линдзи Лохан и Парис Хилтон

Во младоста, Линдзи и Парис беа познати по честото одење на забави и веројатно ова ги зближило.

Но, по гласините дека Линдзи е во врска со бивш дечко на Парис, нивниот однос се влоши. Неколкупати тие и јавно се навредуваа.

Иако Парис ѝ честита на Линдзи кога стапи во брак, се чини дека уште не зборуваат.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-07.jpg

Мадона и Гвинет Палтроу

Мадона и Гвинет се зближиле поради желбата за фитнес, а го влошија односот поради нивната фитнес тренерка.

Мадона ја отпуштила, па Гвинет застанала на нејзина страна. Во една пригода, актерката изјави и дека Мадона честопати била злобна.

slavni-lichnosti-koi-bea-nerazdelni-prijateli-no-sega-se-mrazat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg