Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“

„Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис Хилтон првпат ја покажа ќерката, која ја доби пред пет месеци со сурогат мајка.

paris-hilton-spodeli-prvi-fotki-od-5-mesechnata-kjerka-london-go-cenam-sekoj-mig-so-nea-01.jpg

Пет месеци откако ја доби ќерката Лондон, Парис Хилтон ја покажа пред јавноста со неколку семејни фотки.

43-годишната богата наследничка и нејзиниот сопруг Картер Реум ја добија ќерката Лондон во ноември со помош на сурогат мајка.

Пред година и некој месец, тие го добија и синчето Феникс, исто така од сурогат мајка.

Парис ги сподели фотките на Инстаграм.

paris-hilton-spodeli-prvi-fotki-od-5-mesechnata-kjerka-london-go-cenam-sekoj-mig-so-nea-04.jpg

„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон-Реум. Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе.

Благодарна сум што е овде. Искрено го ценам секој миг што го минувам со неа.

Заедно со Феникс, моите ангелчиња ми покажаа љубов која не знаев дека може да биде толку силна пред да станам нивна мајка.

paris-hilton-spodeli-prvi-fotki-od-5-mesechnata-kjerka-london-go-cenam-sekoj-mig-so-nea-05.jpg

Моето неверојатно патување низ мајчинството инспирира нова, многу лична песна со мојата драга пријателка Сиа, насловена Fame Won’t Love You (славата нема да те сака).

Песната е како потсетник дека посебната врска што ја чувствувам со моите деца, мојот сопруг и моето семејство е повредна од што било друго во светот“, пишува во објавата на Парис.

paris-hilton-spodeli-prvi-fotki-od-5-mesechnata-kjerka-london-go-cenam-sekoj-mig-so-nea-02.jpg

Пред некој ден, Парис откри и зошто одлучила да не споделува фотографии од ќерка ѝ.

„Мислам дека секој детаљ од мојот живот бил достапен за јавноста. Сакав моето девојче да го чувам само за себе“, изјави таа за E! News.

Претходно, Парис се соочи со злобни коментари на сметка на изгледот на синот Феникс, па можеби не е ни чудно што одлучила да ја крие Лондон од јавноста.

Прочитајте повеќе: „Моето ангелче е здраво, само има голем мозок“ – Парис Хилтон гневна за грдите коментари за изгледот на нејзиното бебе

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Познати личности кои добија дете со сурогат мајка Покрај Марија Шерифовиќ која доби син, кои други познати личности добија дете со...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg