Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кардашијан и Бекам?
- Детали
- недела, 21 јули 2024
Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. Ким, пак, мака мачи со однесувањето на својата ќерка.
Освен што се наследнички на огромно богатство, Харпер, Блу Ајви, Норт и Ема имаат уште една заедничка работа - родители кои со пари може да им купат талент.
Уште во првата деценија од животот, пропатуваа низ целиот свет и ги посетија на најлуксузните места и хотели во светот.
Како изгледа нивниот живот?
Харпер Бекам (13)
Харпер е ќерка на Викторија и Дејвид Бекам.
Таа штотуку наполни 13 години, а големата забава по тој повод допрва се очекува.
Како најмало дете во семејството Бекам, а воедно и единствено девојче, таа е и најчувана и најразгалена.
Редовно се појавува во туторијалите на нејзината мајка, покажувајќи и промовирајќи шминка.
И додека целото семејство ја фали Харпер како талентирана и многу успешна девојка, и понатаму не се знае конкретно кој е нејзиниот талент.
Тоа е сосема во ред, бидејќи таа е сѐ уште дете.
Она што привлекува најголемо внимание е односот со нејзиниот татко.
Некогашниот фудбалер не пропушта можност да ја бакне својата ќерка, некогаш и во уста - нешто што честопати е осудувано од јавноста.
Дејвид, пак, вели дека така ги бакнува сите свои деца.
Блу Ајви (12)
Името на најстарата ќерка на Бијонсе и Џеј Зи е законски заштитено.
Тие сметаат дека Блу Ајви е уникатно име и така треба да остане.
Имено, за време на своето патување во Хрватска, Бијонсе открила необично и ретко растение - син бршлен и решила да го крсти своето дете по него.
Покрај уникатното име, Блу Ајви има и необичен и уникатен живот.
Таа има личен готвач кој готви само за неа.
Освен тоа, има и личен стилист кој ја облекува уште од нејзината 6-та година.
Бијонсе и Џеј Зи имаат и 5 вили, но живеат во онаа што најмногу ѝ се допаѓа на нивната Блу Ајви.
Од неодамна Блу почна да се појавува на концертите на својата мајка и да танцува заедно со неа, а досега успеала да заработи 800 милиони долари, токму поради тоа што се појавувала во спотови и песни на нејзините родители.
Таа се смета и за најмлада добитничка на Греми награда.