Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења
- Детали
- сабота, 29 јуни 2024
Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин бил уапсен вкупно 66 пати, но секое апсење било поврзано со активизам, а не дрога, алкохол и слично.
Повеќето луѓе нема да бидат уапсени ниту еднаш во животот.
Нo, изгледа ова правило не важи за познатите бидејќи ретки се оние кои не биле приведени.
А, некои биле уапсени и по неколкупати.
Кои се славните личности кои се рекордери кога станува збор за број на апсења?
Конор Мекгрегор
Познатиот борец од Ирска е познат по темпераментот, па веројатно не изненадува тоа дека бил уапсен дури петпати, и тоа во период од само две години (во 2018 и 2019).
Веројатно имал и други апсења пред да стане познат.
Роберт Дауни Џуниор
На сите им е познато проблематичното минато на актерот.
Во периодот помеѓу 1996 и 2000 година, Дауни бил уапсен петпати.
Парис Хилтон
И Парис Хилтон имаше проблеми со законот, а исто како ѕвездите што ги спомнавме претходно, и таа има пет апсења зад себе.
Винона Рајдер
2001-ва беше мошне лоша година за Винона Рајдер.
Тој период, актерката беше уапсена четири или петпати, вклучувајќи и едно апсење за кражба.
Џејн Фонда
Познатата актерка последен пат беше уапсена во 2019-та, за нарушување на редот и мирот како дел од протест за климатските промени.
Низ годините, таа била апсена вкупно шестпати, а еднаш дури и за шверц на дрога.
Крис Браун
Бившиот на Ријана исто така има шест апсења зад себе, вклучувајќи и за нападот врз пејачката и прекршување на условната казна.
Мишел Родригез
Актерката е позната по „опасните“ жени што ги глуми, како во The Fast and the Furious, но се чини дека и самата била таква личност во младоста.
Во периодот помеѓу 2002 и 2006 година, актерката била уапсена седумпати.