Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кејт Мос

По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен триаголник со Џуд Ло и неговата сопруга. Наводно, тие тројца спиеле заедно, а сопругата на актерот се вљубила во Кејт…

ostana-bez-rabota-poradi-koristenjeto-droga-ne-dozvoluvale-da-jade-tazhni-detali-od-zhivotot-na-kejt-mos-01.jpg

Кејт Мос е еден од најпознатите супермодели во светот со кариера која трае веќе неколку децении.

Но, покрај работата во модната индустрија, таа е позната и по скандалозното однесување, а забавите со многу дрога и алкохол извесен период ѝ беа заштитен знак.

Денес 50-годишниот модел пробува да се држи настрана од пороците, а има и ќерка – Лила Мос – која полека тргнува по нејзините стапки.

Но, низ годините, Кејт се соочила со бројни предизвици, најмногу бидејќи голем дел од животот поминала под будното око на јавноста.

Неколку тажни детали од нејзиниот живот:

Ја почнала кариерата на само 14 години

Кејт Мос била забележана од агент за таленти на аеродром кога имала само 14 години.

Дотогаш не ни помислувала да стане модел, најмногу бидејќи тој период, во списанијата доминирале жени со облини.

Кејт има изјавено дека на почетокот, многумина од модната индустрија ѝ нагласувале дека не е доволно убава за да стане модел.

„Бев ниска и имав искривени заби. Дефинитивно не мислев дека имам изглед за модел.

Сега мислам дека изгледам добро, но никогаш не сум се гледала како жена која е секси или жена по која мажите копнеат“.

ostana-bez-rabota-poradi-koristenjeto-droga-ne-dozvoluvale-da-jade-tazhni-detali-od-zhivotot-na-kejt-mos-03.jpg

Речиси се откажала од кариерата поради Марк Волберг

Кога Кејт имала 17 години, била дел од фотосесија за Calvin Klein со актерот Марк Волберг.

А, актерот постојано ја навредувал и го критикувал нејзиниот изглед.

„Тогаш доживеав нервен слом. Се чувствував лошо додека позирав покрај него“.

Иако со текот на времето стана најбараниот модел, критиките за нејзиниот изглед доаѓале од сите страни.

Овој период менталното здравје ѝ се влошило, па почнала да пие и лекови против анксиозност. А, има изјавено дека без лековите, веројатно не би ја преживеала фотосесијата со Марк.

ostana-bez-rabota-poradi-koristenjeto-droga-ne-dozvoluvale-da-jade-tazhni-detali-od-zhivotot-na-kejt-mos-04_copy.jpg

Била експлоатирана додека била малолетна

Кејт има откриено дека на почетокот на кариерата, била присилена да патува сама низ САД за да снима едиторијали. Што значи, немала никаква заштита од предаторите во модната индустрија.

На едно снимање, агент кој соработувал со неа ја натерал да се соблече. Тогаш Кејт имала само 15 години.

„Ми рече дека ако не се соблечам, нема да ми дозволи да снимам едиторијал за познат магазин“, има откриено моделот.

ostana-bez-rabota-poradi-koristenjeto-droga-ne-dozvoluvale-da-jade-tazhni-detali-od-zhivotot-na-kejt-mos-05.jpg

Имаше бурна врска со Џони Деп

Во 1990-тите, Кејт Мос и Џони Деп беа најпопуларниот пар, а нивната врска беше исполнета со скандали.

Имено, тие заедно се опивале и доста често ги уништувале хотелските соби во коишто отседнувале.

Друг контроверзен момент беше и нивната возрасна разлика – кога ја почнаа врската, Кејт имаше 20, додека Џони имаше 31 година.

По четири години, тие се разделија, а на Кејт ѝ било мошне тешко да го преболи актерот.

Подоцна Џони откри дека тој бил виновен за разделбата:

„Бев навистина глупав… Јас сум одговорен за она што се случи.

Дозволував работата да ми се меша во приватниот живот, не ѝ го давав потребното внимание. Беше ужасно да се живее со мене“.

ostana-bez-rabota-poradi-koristenjeto-droga-ne-dozvoluvale-da-jade-tazhni-detali-od-zhivotot-na-kejt-mos-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg