Која е српската докторка што ги „избриша“ трагите од години поминати со дрога и алкохол на лицето на Линдзи Лохан?
Па очекувано, сите се заинтересираа која е докторката што успеа да направи магија од лицето на Линдзи.
Станува збор за дерматологот д-р Радмила Лукијан, која има српско потекло, а работи во Дубаи, во својата клиника, Lucia Clinic.
Таа подолг период соработува со актерката, а дури и самата има објавено фотка со неа на Инстаграм, каде има напишано дека ужива да се грижи за здравјето и убавината на нејзината кожа.
Докторката себеси се опишува како специјалист за третмани против стареење, а нејзината клиника е специјализирана за инвазивни и неинвазивни козметички процедури и нуди голем број услуги и третмани.
Во коментари, многумина ја прашуваат какви точно третмани користи за Линдзи и сите и за себе го посакуваат „Лохан пакетот“.
Иако не открива што точно коригирала и како го третира лицето на актерката која со сопругот и синот живее во Дубаи, според описот на нејзиниот веб-сајт, таа се води по следните принципи:
„Д-р Радмила Лукијан се заложува за баланс во козметичката дерматологија, здрава исхрана, намалување на стресот и редовно вежбање. Нејзината филозофија за нега на лице е да ја третира кожата на пациентите исто како што би ја третирала сопствената кожа.
Таа има индивидуални и високо ефективни третмани кои ѝ го даваат на вашата кожа она што ѝ е потребно во моментот и се приспособува на вашиот начин на живот. Д-р Лукијан им помага на многу клиенти да стареат грациозно, а важи за авторитет за сјајна и младешка кожа во Дубаи“.
Низ годините, докторката работела со голем број познати личности, а дел од нејзините клиенти се Наоми Кемпбел, Ева Лонгорија и многу други.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





