„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејзините деца
- Детали
- понеделник, 16 октомври 2023
„Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја запрепасти публиката со своите признанија пред публиката и децата. А оваа нејзина приказна е топ тема во речиси сите светски медиуми кои се осврнуваат на нејзините први концерти од најновата турнеја.
Мадона ја започна својата најнова турнеја во Лондон во „O2 Арената“, а присутните имаа можност повторно да го видат она што ја одбележа нејзината кариера: огромни панделки, шапки изработени од светки, кожени јакни и бел тул, и секако, легендарните конусни градници, што таа ги прослави.
Секако, задолжително на сцената носела ракавици изработени од тантела, и огромни распетија.
Високата цена за билетите која изнесувала повеќе од 400 фунти, придонела голем број седишта во арената да останат празни, но сепак 20.000 присутни танцувале и пееле во еден глас со кралицата на поп-музиката.
На концертот биле присутни и нејзините деца, а ќерките Мерси, Лурдес и Естер со неа настапиле на сцената. 17-годишната Мерси свирела на пијано, а 10-годишната Естер танцувала на песната Vogue, a и Лурдес (27) ги покажала своите танчарски способности.
Но, според Сара Вајн, колумнистката на Daily Mail, која имала можност да присуствува на настанот, најшокантно било тоа како пејачката почнала да раскажува за своето неславно и скандалозно минато пред своите деца.
„Зборуваше за тоа како била анорексична танчарка и како нејзиниот татко не сакал да ѝ помогне, но таа никогаш не се откажала и покрај тоа што била гладна и бездомна.
Потоа следуваа уште неколку приказни за нејзината тешка младост, па раскажа како одела на состаноци со мажи само за да ги искористи нивните тоалети. ‘Орален секс за туш’ – извика таа, а знаејќи дека нејзините деца се тука, останав вџашена“ – вели Сара.
Шоуто поминало со неколку технички проблеми, по што голем број од присутните одлучиле да си заминат, а за оние што останале, пејачката во својот препознатлив стил приредила вистинско шоу со запалена сцена, распетија и секако, настапи со згодни танчари и секси костими.
Но, сето тоа не било доволно да ги задоволи апетитите на оние што биле присутни.
„Сите ја сакаме затоа што таа беше постојано присутна низ нашите животи, сѐ уште се сеќавам како танцував на песната Like A Virgin кога бев тинејџерка. Но, додека сите ние пораснавме и продолживме, се чини дека таа не го направила тоа.
Таа сѐ уште сака да биде таа сиромашна тинејџерка која живее како бездомничка во 80-тите години во Њујорк. Сѐ уште сака да биде една од кул тинејџерите, а всушност е возрасна жена, глобална икона и вистинска кралица на поп музиката која нема што повеќе да докажува.
И кога не би се трудела да се прави нешто што не е, би била уште поголема икона од тоа што е“ – вели Сара.
Б. С. Б. | Црнобело