Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес?
По разводот со Гај, Мадона почна да го носи Роко со себе на турнеи. Таа плаќаше тутори задолжени за неговото образование, а детето често беше вклучено во програмата на нејзините концерти.
Во 2015-та година веќе можеше да се забележи дека односот меѓу мајката и синот се влошува. Роко престана да настапува со мајка му, а Мадона во изјава за медиумите накратко рече:
„Мајка ти веќе не е кул, кога имаш 14 години“.
По ова Роко си ги спакувал куферите и побегнал кај татко му. Наводно тој сакал да оди во училиште како сите други деца на негова возраст, а не да настапува со неа.
Во 2015-та година Мадона и Гај започнаа борба за старателство над синот. Парот не можеше да се договори за тоа каде треба да живее нивниот син, а Мадона тврдеше дека детето сосила било задржано во Обединетото Кралство по посетата на татко му.
Иако судиите му наредија на Гај да го врати детето во Њујорк, Роко остана да живее со татко му, минувајќи одреден дел од времето во Лондон, а одреден во Девон.
Во тој период Мадона јавно зборуваше за тоа колку ѝ недостасува синот и се обиде случајот да го однесе до Врховен суд, но статусот на поп-кралица не ѝ помогна.
Судијата нареди Роко да остане во Велика Британија со татко му, а на неговите славни родители им беше наредено својот приватен живот да го чуваат подалеку од очите на јавноста, но и од судниците.
По неколку месеци Мадона и Гај постигнаа договор, по што Роко почна да минува време и со двајцата родители.
Во 2016-та година Роко повторно беше топ тема во медиумите, откако беше објавено дека бил уапсен заради поседување на опојни супстанци. Мадона во тој период ја замоли јавноста да ја почитува нивната приватност.
Денес Роко има 24 години и речиси сите беа изненадени кога се дозна дека тој уште на 22 години почнал да ги изложува своите уметнички дела под името Мејсон Ред. Вели дека бил инспириран од своите родители, кои се страсни уметници.
„Моите родители не се сликари, но и двајцата се занимаваат со уметност и ме научија да ја ценам и да ја почитувам“ – рече тој во една пригода.
По долги години, Роко призна дека одлуката да си замине од домот на мајка му била мотивирана од неговата потреба да се занимава со уметност. Токму во периодот додека живеел со татко му, тој целосно го сконцентрирал своето образование на уметноста.
Денес Мадона и Роко велат дека се мошне блиски и дека успеале да ги надминат проблемите од минатото. Поп кралицата во повеќе наврати нагласила дека е горда на успесите што ги постигнува нејзиниот талентиран син.
Б. С. Б. | Црнобело