Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундгрен?
- Детали
- недела, 30 јуни 2024
Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодарение на второ лекарско мислење, успеал болеста да ја стави под контрола, па дури и да се ожени за девојка која е генерација со ќерка му... Се сеќавате ли на Долф Лундгрен?
Холивудскиот актер Долф Лундгрен (66) го помниме по улогите во акционите филмови, каде најчесто играше негативец, а благодарение на сините очи и русата коса, речиси секогаш толкуваше улога на Русин.
Најголемата слава ја стекна откако се појави во филмот Rocky IV каде го играше рускиот боксер Иван Драго, а освен со Силвестер Сталоне играше и во филмови со Жан Клод ван Дам и со други познати ѕвезди од акционите филмови во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.
Во продолжение неколку интересни факти за него:
Долф е роден во 1957-ма година во Шведска, како Ханс Лундгрен. Мајка му била учителка, а татко му инженер за шведската влада.
Како дете почнал да тренира карате, па на 19 години веќе станал дел од шведскиот тим на Светските шампионати во Јапонија.
Самиот вели дека иако имал само зелен појас, инструкторот незаслужено му дал кафеав појас за да може да учествува.
Успеал да победи во првите две борби, иако самиот признава дека бил многу уплашен пред учеството.
Откако завршил средно образование како одличен ученик, студирал инженерство во Вашингтон, по што го отслужил задолжителниот воен рок во Шведска и добил диплома како хемиски инженер, а завршил и Мастер во Сиднеј.
По ова добил целосна стипендија за да студира на престижниот универзитет М.И.Т. во САД, но по само две недели таму се откажал од науката и се пренасочил кон актерството.
Како што вели самиот, во еден период од животот бил сиромашен актер кој ја чека својата шанса.
Иако во голем број филмови игра Русин, Долф не зборува руски јазик. Тој зборува 6 други јазици: шведски, германски, англиски, шпански, француски и јапонски.