Љубовни врски на познатите кои завршија со трагедија
Лиам Пејн и Кејт Кесиди
Лиам Пејн и Кејт Кесиди беа во врска две години пред неговата трагична смрт во октомври 2024-та.
Само два дена пред неговата смрт, и Кејт била со него во хотелот во Бразил.
Поради ова, извори блиски до неа изјавија дека донекаде се обвинувала за трагедијата, бидејќи не останала со него уште некој ден.
Стив Ирвин и Тери Ирвин
Стив и Тери Ирвин се запознале додека и двајцата посетувале центри за рехабилитација на животни во Австралија.
Стив самиoт има изјавено дека се вљубиле уште кога првпат се здогледале.
Беа во брак од 1992 година, до трагичната смрт на Стив Ирвин во 2006 година.
Оттогаш, Тери го продолжи наследството што го остави Стив, а нема стапено во брак со друг маж.
Лиам Нисон и Наташа Ричардсон
Лиам и Наташа беа во брак повеќе од 15 години, а заедно имаа и две деца.
Но, Касандра загина во 2009 година, за време на скијање.
Оттогаш актерот не стапил во брак, ниту, пак, е познато дека имал сериозна врска.
Неодамна изјави дека не барал романтична партнерка и дека тој дел од животот е зад него.
Кристофер Рив и Дејна Рив
Актерот што се прослави со улогата на Супермен и неговата сопруга се венчаа во 1992 година.
Сопругата остана покрај него и откако тој се повреди и остана парализиран.
Се грижеше за него до крајот на неговиот живот, во 2004 година.
Тој почина од инфаркт, на само 52-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело