Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та
Бора Чорба – 4-ти септември
Вокалистот на една од најпознатите регионални бендови почина на 71-годишна возраст.
Пејачот беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови неколку дена пред смртта.
Џејмс Ерл Џонс – 9-ти септември
Актерот најпознат како гладот на Дарт Вејдер од франшизата Star Wars почина на 93-годишна возраст.
Не е позната точната причина, но се верува дека актерот имал дијабетес тип 2.
Ирена Кавкалевска – 24-ти септември
Македонската оперска пејачка почина на само 51-годишна возраст.
Ирена, која беше мецосопран во Националната опера и балет, ќе остане запамтена по многуте улоги, особено во „Кармен“.
фото: Фејсбук
Меги Смит – 27-ми септември
Ѕвездата од серијалот „Хари Потер“ почина на 89-годишна возраст.
Таа страдаше од рак на дојката, но имаше и низа други проблеми со здравјето.
Лиам Пејн – 16-ти октомври
Лиам Пејн од One Direction имаше 31 година на денот на трагичната смрт.
Пејачот падна од балкон во хотел во Аргентина, додека околностите за неговата смрт уште се истражуваат.
Зоки Фаци - 1-ви ноември
Новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина на 1-ви ноември по долга борба со ракот.
Зоки беше на лекување и во Турција, каде што требаше да опериран, но тогаш му соопштија дека ракот метастазирал на коските.
Тој ја изгуби битката кратко по враќањето во Македонија.
Оливера Николова – 3-ти ноември
Македонската писателка која стои зад омилениот лик од детските книги – Зоки Поки – почина на 88 години.
Покрај веќе култната книга, писателката беше автор на бројни ТВ серии и радио-драми, а низ годините се закити со многу награди.
фото: Литаратура.мк
Квинси Џонс – 3-ти ноември
Продуцентот кој стои зад некои од најголемите музички хитови во светот и соработуваше со ѕвезди како Мајкл Џексон почина на 91-годишна возраст.
Тој ja изгуби битката со рак на панкреасот.
Спирова с. | Црнобело