Ненадејно почина фитнес тренерот Мирко Петровски (47): „Сега си на некое поубаво место“

Денес (06.03) на 47 години почина Мирко Петровски, наш фитнес тренер и шампион во бодибилдинг.

pochina-fitnes-trenerot-mirko-petrovski-sega-si-na-nekoe-poubavo-mesto-01.jpg

Мирко Петровски, кој важеше за еден од најдобрите во својата бранша почина ненадејно, а причината за смртта не е позната.

Пријателите со неверување се простуваат од него.

„Мирно небо тренеру. Еден беше. Рано, Мирче“, напиша Миа Костова.

pochina-fitnes-trenerot-mirko-petrovski-sega-si-na-nekoe-poubavo-mesto-05-_copy.jpg

„Сè уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. 

Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, на поубаво место си, секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој“, напиша Панчо на Фејсбук.

мирче.jpg

„Ти беше причината поради која го засакав спортов и почнав да се напреварувам. Ти благодарам што беше мој ментор и пријател! Немам зборови со кои можам да ја искажам тагата…

Ќе ти смотам еден 'Голден Вирџинија' дека ти многу тапа ги моташе… Нека ти е светол патот тренеру“, напиша бодибилдерката Катерина Попева.

„Мирко бре зошто нѐ остави во шок и неверување??? Зошто?! Спремавме цела кампања, планиравме и спортски бренд заедно… 23 години се знаевме-23 години се почитувавме, си помагавме, вратите на твојот фитнес центар ми беа секогаш безусловно отворени, лојална ти бев исто толку години - не сакав да чујам за друг фитнес центар…

Ист знак и ист подзнак бевме во хороскоп, иста професионалност и амбиција… Ах..ме остави без зборови… Почивај во мир легендо! - напиша на Инстаграм, пејачката Елена Ристеска.

Мирко долги години имаше своја теретана, Project Fit, а беше и личен тренер, но и пријател на многу јавни личности кај нас.

И вработените од фитнес центарот се збогуваа од Петровски.

„Со големо жалење ве известуваме дека нашиот шампион, гуру и учител Мирко, прерано нè напушти. Вечна му слава!“

Мирко Петровски од најрана возраст се занимаваше со бодибилдинг.

Зад себе ги остави сопругата Светлана и 9-годишниот син.

pochina-fitnes-trenerot-mirko-petrovski-sega-si-na-nekoe-poubavo-mesto-02-.jpg

pochina-fitnes-trenerot-mirko-petrovski-sega-si-na-nekoe-poubavo-mesto-03-.jpg

pochina-fitnes-trenerot-mirko-petrovski-sega-si-na-nekoe-poubavo-mesto-04-.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Емотивна објава за Мирко Попов, кој денес ќе наполнеше 52 години: „Спектакуларно живееше, достоинств... „На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Науч...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg