10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови)
„Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои денови на минимум“.
Ако се чувствувате лошо, осамено и понекогаш ви е потребна потврда дека не минувате само вие низ таков период, тогаш овие цитати ќе ви помогнат.
Кога имате проблеми со менталното здравје, потребно ви е мало охрабрување.
Цитати кои ќе ви помогнат:
„Твојата траума е вистинска, дури иако не можеш комплетно да им ја објасниш и доловиш на другите“.
„Ги заслужуваш сите убави работи за кои сонуваш“.
„Не сакам да ти го расипам крајот, но на крај сè ќе биде во ред“.
„Никој нема корист ако си престрог/а кон себе, но сите ќе имаат корист ако се охрабриш себеси“.
„Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои денови на минимум“.
„Престани твојот живот да го споредуваш со животот на другите луѓе – твојот го знаеш комплетно, но за туѓите знаеш само тоа што ти сервираат“.
„Секогаш ќе има други денови и други начини, но нема да има друг/а ти – чувај се“.
„Ништо во природата не цвета цела година“.
„Твојата приказна ќе стане нечиј прирачник за преживување“.
„Земи длабок здив, ова е само лош ден, а не лош живот“.
С. С. | Црнобело