„Бев на концертот на ДНК - зошто е најдоброто нешто што ѝ се случи на македонската музичка сцена во последно време?“

„До мене седеше цело семејство, мајка, татко, синче и ќерка, од најстаро до најмладо пееја во еден глас. На моменти не можеа да се воздржат, па стануваа и танцуваа. Буквално музика за сите генерации. Луѓе на сите страни снимаа, сакаа да го овековечат мигот, но тоа што таму се случуваше, таа неверојатна бура од енергија не може да биде доловена на ниту едно видео и на ниту една фотографија... Ви благодарам ДНК од срце што нè потсетивте како се сака македонската музика.“

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-01.jpgфото: Стефан Рајхл

Владимир Блажев - Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј има на што да се горди и има за што да им е топло на срцето.

Направија концеретен спектакл каков што Македонија одамна немаше видено.

По повод 20 години постоење на ДНК тие организираа незаборавно шоу за сите нивни фанови во саботата (03.12) во спортскиот центар Борис Трајковски, како благодарност за љубовта и поддршката во текот на изминатите две децении. Но, и ние мораме да им кажеме – благодариме што постоите!

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-15.jpg

Благодариме што нè потсетивте како е да се сака и да се ужива во македонска музика, како е да се пее на глас, да се знаат текстовите од почеток до крај, да те болат раце од аплаудирање и притоа на душата убаво да ти е затоа што станува за нешто наше, за нешто квалитетно, за нешто со македонско сонце на себе.

И Панчо и Андреј беа сонца на сцените и по краткото загревање на почетокот, имаше концерт кој постојано беше на точка на вриење, на секоја наредна песна си велев еве сега е кулминацијата, но не, наредната изведба беше поспектакуларна и поенергична.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-02.jpg

До мене седеше цело семејство, мајка, татко, синче и ќерка, од најстаро до најмладо пееја во еден глас. На моменти не можеа да се воздржат, па стануваа и танцуваа. Буквално музика за сите генерации, музика која поврзува...

Луѓе на сите страни снимаа, сакаа да го овековечат мигот, но тоа што таму се случуваше, таа неверојатна бура од енергија не може да биде доловена на ниту едно видео и на ниту една фотографија.

Тој што го осмислувал концертот ја направил вистинската работа.

Сè на свое место, не дозволиja атмосферата да падне во ниту еден миг, па на сцената видовме и стомачна танчарка, која изведе чуда на песната „Она е од Шутка“, па тука беа и настапите на младите и надежни изведувачи Young Dadi и Таско.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-001.jpg

Потоа на сцената издоминира Наум Петрески со неговата легендарна „Оди ѕвездо“, па заеднички ја изведоа со Панчо и Андреј песната од ДНК „Стојам сам“.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-06.jpg

Во кругот на пријатели и соработници кои ги испочитуваа ДНК беше и Тамара Тодевска во црн стајлинг со кожени модни парчиња, видно ослабена и вокално и енергетски на завидно ниво, како и секогаш.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-16.jpg

Настапи и Магдалена Ена Цветковска, а на сцената кусо се појави и нејзиниот брат Лазар Цветковски, кој е задолжен за креирање на песните на ДНК и тие го најавија како свој трет член од сенка.

Очекувано го видовме и Џамбо Агушев со неговиот оркестар кој со ДНК ја изведе нивната заедничка песна, која со право се нарекува химна на животот, „Ако утре ме нема“.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-08.jpg

Панчо одлично нè водеше со своите куси, но моќни говори низ целиот концерт и на секое негово барање за ѕвездено небо со блицеви од телефони и за кревање на раце за креирање совршена фотка од сцената, публиката со задоволство одговараше.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-17.jpg

Секој од присутните во еден глас им пееше дури и „Happy birthday“ на овие момци, по барање на Таско, затоа што заслужија – тоа и многу повеќе.

„Навлечен на тебе“, „Полна месечина“, „Што сака нека биде“, „Авион“ и едноставно не можете, а да не танцувате.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-18.jpg

Во партерот долу во Борис Трајковски никогаш немав видено толку главчиња на едно место, буквално турканица од вљубеници во музиката на ДНК.

Исто така, ми се допадна што им оддадоа почит на оние кои не се меѓу нас, па така во чест на Тоше Проески испеаја една од неговите легендарни песни, а не заборавија и на Есма Реџепова, Александар Џамбазов, Драган Вучиќ и низа наши јавни личности, кои за жал ги изгубивме.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-07.jpg

Потоа ги поздравија и лицата со попреченост, за кои порачаа дека мора да им дадеме љубов, почит и права и кои во салата имаа специјално место.

Се разбира, во публиката беа и многу нивни колеги кои ги испочитуваа и поддржаа, а потоа зборови со најубави впечатоци и желби споделија и на социјалните мрежи. Елена Ристеска, Антониа Гиговска, Тамара Тодевска се само дел од нив...

Концертот на ДНК дефинитивно е најдоброто нешто што ѝ се случи на македонската музичка сцена во последно време затоа што ни се докажа дека може и нашите изведувачи да полнат сали и да нè „бомбардираат“ со таква енергија што ќе говориме за тоа и денови подоцна.

bev-na-koncertot-na-dnk-zoshto-e-najdobroto-neshto-shto-i-se-sluchi-na-makedonskata-muzichka-scena-vo-posledno-vreme-04.jpg

И ме освои хуманитарната нота на настанот, нешто што е веќе препознатливо за ДНК, и што го споменаа Марко Божиновски, млад талентиран ракометар кој Македонија го изгуби на само 20 години од миокардитис во спиење.

Но, сега знам дека „Авион“ му е омилена песна, дека ја има најхрабрата мајка на светот која се бори Македонија да е подобро место за живот, заедно со таткото на Марко, преку Фондацијата Марко Божиновски и знам дека нема да го заборавам овој млад, прерано згаснат живот...

А вам ДНК – ви благодарам за сè!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело / Фото: Стефан Рајхл

Би можело да ве интересира:

Македонската двојничка на Кајли Џенер: Тијана е природна убавица со неверојатно тенок струк (фото) Македонија има убавица од светски ранг, која нè прави горди пред светот. Таа со ...
Стомачен танц, „заразен“ ритам и стихови – Новата песна на ДНК, Бока Конга и Мишел Трајковски ќе ве ... „Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ...
Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од... На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скоп...
Маја Гугоска е креативна охриѓанка која прави совршени новогодишни колачиња и декорации „Нема шанси ако нешто сум видела и ми привлекло внимание да не го пробам. Колачи...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg