Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


CRNOBELO анкета: Кои се жените-херои во животот на инспиративните Македонки?

„Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден. Една година ја гледав како се бори за животот на тоа дете и тоа беше најголемата и најхрабрата битка на која имам посведочено“ - вели модната креаторка Ивана Кнез за CRNOBELO.com. Инспиративни Македонки откриваат кои жени имале најголемо влијание во нивните животи.

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-inspirativnite-makedonki-01.jpg

По повод Денот на жената, 8 Март, прашавме неколку успешни Македонки кои се најинспиративните жени во нивниот живот, оние кои со своето влијание, совети и храброст им помогнале и на нашите соговорнички да станат она што се денес.

Па, откако минатата година прашавме 6 успешни мажи од Македонија кои се жените кои имале најголемo влијание во нивниот живот, сега прашавме шест Македонки која е жената-херој во нивниот живот.

А, пак, нашите соговорнички се вистински професионалци во својата работа, кои успеале да изградат и успешна кариера, но и самите да бидат мотивација за други жени.

Во продолжение прочитајте ја анкетата на CRNOBELO.com:

Татјана Алексиќ

Татјана Алексиќ од Скопје е професорка по македонски јазик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, семејна жена, омажена за својата прва, гимназиска љубов и мајка на два сина.

Таа одговори на 4 прашања на CRNOBELO.com, за жените кои ѝ биле најголема инспирација во животот.

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonki-09.jpg

Која е највлијателната жена во вашиот живот и зошто?

Сум растела опкружена со многу љубов, спокојно детство во релативно нормални семејства и по женска и по машка линија - Гичеви и Голубовиќи, на релација Скопје - Сокобања.

Секако дека мајката е многу битна за севкупниот наш развој, не само затоа што ние излегуваме од нејзината утроба, туку и затоа што таа влегува во нашиот живот, свест и потсвест.

Колку е таа спремна да нѐ чува со љубов, толку љубов ќе ни всади.

Љубов за сите светови добивав од моја Меги, Маргарита Гичев Голубовиќ. Беше мајка љубов. Единственото нешто за коешто знаела да ме искара е за мојата претерана, безусловна добрина кон сите и по секоја цена.

„Татјанче, мајка, немој да си толку добра, ќе те изедат луѓето нелуѓе“.

Постојано ги спомнувам петте највлијателни жени во мојот живот, а тоа се жените со коишто живеев, живеам и ќе живеат во мене дури сум жива.

Тоа се мајка ми, двете баби - Милица и Роксанда, стринка Даница најубава на свет и свекрва ми Светлана Алексиќ.

Од стрина ми учам сѐ уште, затоа што и на 90 години е со витален дух и ум во грациозно тело. Кога ќе ја прашате како успева да изгледа така, одговорот е едноставно мудар: „Јас се трудам да изгледам така“.

И така е. Сѐ се сведува на трудољубие и здрави животни навики. И покрај тоа што ме прашувате за влијателните жени во мојот живот, верувале или не, и татко и мајка и најдобар пријател ми бил татко ми Александар Голубовиќ.

Јас сум „татин син“ и растев како „момче“. Ме учеше да ловам ракчиња во тињата на Треска, црвеноперки и кострежи на Дојранско Езеро (ставав црви на јадица), пливав во брзаците на ледената Моравица и ме учеше да препознавам планински чаеви на Озрен и Р'тањ покрај Сокобања.

Кога почнаа да паничат дека сум премногу дива, права машкуданка, решив да си фатам дечко. Секако, првиот упорен да ме припитоми беше маж ми Ненад. И така станав женско.

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonki-06.jpg

Кој е тој некој посебен момент на поддршка, совет, насока од некоја жена што ви помогнале да станете тоа што сте или да надминете некој предизвик и слично?

Моите другарки се жените кои секогаш позитивно влијаат врз мене.

Кога ми е тешко, доволно е една од нив да ме ислуша. Советите им се мајчински добри.

Моја Мила Искреновиќ и со молчење ме советува. Кога нешто ќе згрешам таа ме гледа и молчи. Доволно да разберам.

Јавно би ме бранеле до последно. Никогаш пред нив не смееш да кажеш ништо лошо за мене...

Што е најхраброто нешто што го направила некоја жена што ја познавате, на што ѝ се восхитувате? 

Им се восхитувам на сите самохрани мајки, мирно им стојам за храброста. Им се восхитувам на мајките коишто посвојуваат деца, тие се големи мајки.

Им се восхитувам на сите жени кои што се соочиле со смртоносни болести, тие се жени борки.

Им се восхитувам на мајките кои што останале без своите чеда, а во нив сѐ уште има сила да се грижат за луѓето околу себе, на мајки со деца со широк спектар на болести, мајки на деца со ретки болести што ја изгубиле битката за сопственото дете, но не и силата да им помагаат на другите...

Има такви мајки и нивните јунаштва на нивната мака се познаваат... Е тоа се жени и пол, жени херои од коишто треба да се учи!

Како вашата жена-херој ве инспирира и ве прави подобра личност?

Ме инспирираат не една, туку сите жени коишто прават и оставаат зад себе корисни, добри дела за човештвото. Тие се жени-херои и мои вечни инспирации. Тие се најубавите жени на свет!

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonki-07.jpg

Ивана Кнез

Ивана Кнез е една од нашите најуспешни модни дизајнерки, но и жена со инспиративна животна приказна, жена која отворено говори за сите подеми и падови.

Со своите зборови Ивана често инспирира, но овој пат ни откри кои жени се нејзина инспирација.

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonki-14.jpg

Која е највлијателната жена во вашиот живот и зошто?

Баба ми ми остави траен печат за тоа колку јака може да биде една жена.

Мајка ми често знае да ми каже „Да не ти даде Господ да видиш колку можеш да носиш“, а баба ми беше жив пример за тоа.

Кој е тој некој посебен момент на поддршка, совет, насока од некоја жена што ви помогнале да станете тоа што сте или да надминете некој предизвик и слично?

Секој разговор со мајка ми, нејзината долготрајна верба во мене прави никогаш да не се откажам од себе и своите соништа.

Знаеме често да навлеземе во дебати за вредностите на животот, т.е. јас ја „замарам“ неа, нели, како прав филозоф-уметник.

А таа е жената која секогаш вели „Оди, ајде, не застанувај, можеш!“....

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonki-15.jpg

Што е најхраброто нешто што го направила некоја жена што ја познавате, на која ѝ се восхитувате?

Мојата пријателка Јулијана, за жал, изгуби син минатата година баш на овој ден.

Една година ја гледав како се бори за животот на тоа дете и тоа беше најголемата и најхрабрата битка на којашто имам посведочено.

Како вашата жена-херој ве инспирира и ве прави подобра личност?

Секоја жена околу мене е жена херој! Секоја една од нас е вредна за милион.

Од секоја жена црпам инспирација и силно верувам дека женската енергија е таа што го движи светот напред.

crnobelo-anketa-koi-se-zhenite-heroi-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonki-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg