Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модерно време

Се бањале многу ретко, а освен богатите, останатите обично имале само едно парче облека кое го носеле секој ден и го переле многу ретко.

detali-od-zhivotot-na-evropjanite-vo-minatoto-zaradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-ste-rodeni-vo-moderno-vreme-01.jpg

Средниот век во Европа почнува од 5-тиот и трае до 15-тиот век и дефинитивно е еден од побруталните периоди во европската историја.

Речиси и да немало напредок – ни научен, ни културолошки – повеќето луѓе биле сиромашни, без можност за образование и каков било напредок, а и болести имало насекаде.

Хигиената воопшто не била на завидно ниво и ретки биле оние кои не страдале.

Неколку факти за животот на Европјаните од овој период од кои сигурно ќе ви се згади:

Се бањале многу, многу ретко

Богатите луѓе можеле да си дозволат када за бањање, но сепак преферирале да не се бањаат многу често.

Сиромашните, пак, речиси и да немале можност да се избањаат бидејќи трошењето вода за бањање наместо за пиење било луксуз.

Притоа, освен богатите, никој не можел да си дозволи сапун или нешто слично.

Единствено можеби оние кои живееле покрај езеро, река и слично имале повеќе можности да се бањаат, но, секако, без сапун.

detali-od-zhivotot-na-evropjanite-vo-minatoto-zaradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-ste-rodeni-vo-moderno-vreme-02.JPG

Немале канализација, ниту какви било тоалети

Во Средниот век, дури ни богатите немале уреден и чист тоалет бидејќи уште не постоела канализацијата. Но, барем имале одвоена просторија за оваа намена.

Сиромашните, пак, морале да се снаоѓаат како знаат.

Притоа, морале да најдат начин и да се ослободат од изметот, а поради немањето канализација, неретко првиот избор бил најблиската река. Истата река во која некогаш и се бањале.

Некогаш, пак, го фрлале отпадот на улица.

И, сето ова многу придонесувало во ширењето болести.

detali-od-zhivotot-na-evropjanite-vo-minatoto-zaradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-ste-rodeni-vo-moderno-vreme-03.JPG

Не ја переле облеката

Побогатите носеле неколку слоеви облека. Обично ги переле подолните слоеви, додека облеката што ја носеле најгоре и ја гледале сите, ја переле многу поретко.

Но, повеќето луѓе не можеле да си дозволат неколку слоеви облека.

Всушност, тие имале само едно парче облека кое го носеле секој ден.

Оваа облека ја переле во реки еднаш неделно (а може и поретко), без детергенти.

А, веќе спомнавме дека во реките фрлале сè и сешто, вклучително и измет, па ни ова перење на облеката не било којзнае колку корисно.

detali-od-zhivotot-na-evropjanite-vo-minatoto-zaradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-ste-rodeni-vo-moderno-vreme-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Биле популарни како филмски ѕвезди, имале многу девојки: Како навистина изгледал животот на гладијат... Не сите гладијатори биле робови и многумина своеволно се бореле. Оние најдобрите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg