Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модерно време
Болвите и вошките биле секојдневие
Паразитите како вошки и болви биле насекаде.
Сиромашните речиси постојано имале вошки бидејќи немале баш ефикасни методи за да се ослободат од нив.
Имало и многу болви од домашните животни бидејќи тој период немало како да ги отстранат ни нив.
Спиеле на слама
Сиромашните немале кревети и спиеле на слама.
Иако на прва изгледа како ова да подобро отколку спиење на подот, важно е да се нагласи дека оваа слама била валкана.
Покрај болви, во неа имало стаорци и секакви паразити.
И, сламата ретко ја менувале, а кога мирисала лошо, го решавале проблемот со свежо цвеќе и други ароматични билки.
Тогаш луѓето не биле свесни за постоењето на бактерии и микроорганизми и верувале дека болестите потекнуваат од лоши мириси.
Па, штом го отстраниле мирисот, сметале дека и нивната слама е безбедна за спиење.
Одењето на заболекар било хорор
Луѓето во Средниот век не биле свесни за важноста на оралната хигиена и нормално дека немале четки и пасти за заби.
Главно луѓето импровизирале за да ги исчистат забите, како триење со парче волна и плакнење со вода.
Повисоките класи во општеството можеле да си дозволат мешавина од сол и ароматични билки за освежување на здивот.
Сепак, недостатокот од орална хигиена и не бил некој сериозен проблем бидејќи тој период сиромашните немале пари за шеќер или што било благо, а и храната со шеќер каква што ја знаеме денес не ни постоела.
Но, ако некој сепак се соочел со проблем со забите, го очекувала тортура.
Не постоело поправање заби, туку само вадење, и тоа без анестезија.
Спирова С. | Црнобело