Се ожени братот на Анџелина Џоли - сестра му ја бакнуваше во уста, саканата ја запроси на гробишта
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
Парот поради кавга се разделил наредниот ден по венчавката и се смириле дури сега, 5 месеци подоцна. На венчавката не присуствувала Анџелина Џоли. Саканата ја запросил пред 22 години на гробишта.
Актерката и ријалити ѕвезда Роми Имбели (42) почетокот од 2025-та го искористи за да открие дека летото стапила во брак со Џејмс Хејвен (51), братот на Анџелина Џоли.
Церемонијата се одржала во август месец во Калифорнија.
За жал, парот поради кавга се разделил наредниот ден по венчавката и се смириле дури сега, 5 месеци подоцна.
По смирувањето таа објави фотографии и видео од венчавката на кои присуствувале само нивните родители и братот на Роми. На венчавката не била ниту Анџелина Џоли.
Братот и сестрата некогаш беа многу блиски, но во последните години нивните односи се разладени.
Анџелина Џоли со брат ѝ Џејмс и татко им
Инаку, Џејмс Хејвен стана медиумска сензација откако страсно ја бакна во уста својата сестра Џоли во 2000-тата година, на Оскарите. Тие се имаат бакнато во уста и на Златните глобуси.
Роми откри дека со Џејмс се во врска веќе 23 години, но односот им е комплициран. Тој ја запросил на гробишта.
Објавата на Инстаграм на Роми гласи:
„Во 2024 година се омажив со мажот кој е мој најдобар пријател веќе 23 години.
Деталите од нашата приказна се премногу лични и комплицирани за да ги споделам сега, но сè запишувам во мојата книга.
Нашиот свадбен ден беше интимен, само ние и нашите родители, додека разменувавме завети, со планови за поголема прослава подоцна.