Се ожени Чак Бас од реалноста – Бајковита свадба на Ед Вествик и Ејми Џексон во Амалфи (фото)
- Детали
- понеделник, 26 август 2024
Си ја пронајде Блер од вистинскиот живот и направија свадба како од бајките во Италија – Ед Вествик, познат како Чак Бас, и неговата невеста Ејми Џексон, изгледаат прекрасно и вљубено.
Во петокот, заводникот од Gossip Girl, Ед Вествик, кој сите го знаат како Чак Бас, заедно со саканата Ејми Џексон, замина со приватен авион во Амалфи, каде цел викенд беше во знакот на нивната свадба, со забави со најблиските.
Прочитајте повеќе: „Одиме да се венчаме“ – Чак Бас од реалноста во луксузен приватен авион со прекрасната избраничка и нејзиниот син
Неделата беше резервирана за официјалната свадбена церемонија, на која двајцата блеснаа во бело.
Ед носеше смокинг со бело сако, а невестата воодушеви во раскошна венчаница со долг вел и бидермаер од бели рози.
„Патувањето тукушто започна“ - напишаа тие на заедничката објава од фотките на кои позираат, а околу нив има патека украсена со бели цвеќиња.
Невестата сменила уште една венчаница, која ја следи нејзината силуета, и во која танцува со својот животен сопатник, со кој си го кажаа судбоносното да.
„Најубавата свадба на две прекрасни души – ви посакувам љубов и среќа“ – коментираше модната инфлуенсерка Леони Хане, која била гостинка на свадбата.
Таа и самата објави фотки од младенците и се заблагодари што ја поканиле да биде дел од нивната љубовна приказна.
На свадбата присуствувала и Кели Рутерфорд, актерката која ја глумеше маќеата на Чак Бас во серијата, со која тој е многу близок и во вистинскиот живот.
Погледнете повеќе фотки:
М. М. | Црнобело