Чак Бас стана татко во приватниот живот – први фотки од прекрасната сопруга и синчето со моќно име
- Детали
- вторник, 25 март 2025
Актерот кој го глумеше Чак Бас стана татко - позира покрај сопругата Ејми која изгледа совршено по породувањето и синчето кое доби моќно борбено име. Тој сега живее бајка, откако пред неколку години беше обвинет за силување, а Ејми му беше голема поддршка.
Ед Вествик стана популарен по заводничката улога на Чак Бас во хит серијата Gossip Girl.
Многумина коментираа дека ја пронајде Блер во вистинскиот живот, кога ја запроси Ејми Џексон во јануари 2024, по две години врска.
Летото истата година тие направија бајковита свадба во Италија, а подоцна соопштија и дека го очекуваат нивното прво заедничко дете.
Инаку, Ејми веќе има едно дете, кое Ед го прифати како свое и тројцата функционираа како семејство.
Сега, британскиот актер објави серија прекрасни фотки, со кои откри дека станал татко на син кој доби име со моќно значење.
„Добредојде на светот, бебе. Оскар Александер Вествик“ – напиша тој во објавата на Инстаграм и откри дека синот носи име кое има силна симболика поврзана со борбеноста и борците.
Ејми, како и секогаш изгледа прекрасно, дури и кратко по породувањето, таа блеска и е во совршена форма.
Инаку, токму таа му беше огромна поддршка во периодот кога тој се повлече од јавност, заради обвинувањата за силување кои ги доби во 2017-2018 година, но беа отфрлени како невистинити.
По скандалот, Ед се држеше настрана од јавност, но откако ја запозна неа, почна повторно да се појавува на филмски премиери, фестивали, награди и да оди на патувања, па повторно си ја врати популарноста.
Сега изгледа како да живее во бајка и ужива во семејниот живот со саканата и новородениот син.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





