„Чак Бас ја најде Блер во вистинскиот живот“ - Ед Вествик ја запроси саканата
- Детали
- вторник, 30 јануари 2024
Ед Вествик ја запроси една од најубавите жени во светот - клекна на колено во Швајцарија, на мост кој се наоѓа на 3.000 метри надморска височина и ја изненади со прекрасен прстен...
Актерот Ед Вествик, најпознат по улогата на Чак Бас во хит серијата „Gossip Girl“, клекна на колено и ја запроси својата девојка Ејми Џексон. Тој ја побара за сопруга на мост кој се наоѓа на 3.000 метри надморска височина, помеѓу Les Diablerets и Scex Rouge во Гштад, Швајцарија.
„По ѓаволите ДА“, напиша Ејми на Инстаграм и објави неколку фотографии од романтичното запросување.
Таа на фотките делува изненадена, а со рацете ја покрива устата.
Вествик, пак, ги сподели фотографиите на Инстаграм Стори со порака „Освоив џек-пот“.
„Чак Бас ја најде својата Блер“, се дел од коментарите, кои потсетуваат на епската љубов помеѓу двата омилени лика во серијата „Gossip Girl“.
Ејми и Ед се во врска скоро три години.
Се запознале на забава преку заеднички пријател, а Вествик ја поканил на кафе и ѝ кажал да го земе и нејзиното куче.
„Ми ги спомна двете омилени работи – кафе и кучето. Не можев да го одбијам“, вели таа во интервју во кое ја раскажа приказната за нивната љубовна врска.
Ејми беше избрана за Мис тинејџерка на светот, а сега е актерка и режисер.
Таа има син од првиот брак, кој е многу близок со Ед.
Актерот, пак, откако е со Ејми, е многу „смирен“.
Тој имаше тежок период во 2017-та кога четири жени го обвинија за сексуално злоставување, а тој ги демантираше обвинувањата. Подоцна и судот во Лос Анџелес ги отфрли обвинувањата против актерот.
Прочитајте и По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од приватниот живот?
А. Ј. | Црнобело